1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мирен и тивок Божик во Витлеем

01:05

This browser does not support the video element.

СН/дв
24 декември 2020

Божикниот период во Витлеем, градот на раѓањето на Исус, вообичаено е шаренолик, гласен и празничен. Но, годинава сите прослави во палестинскиот град се ограничени - поради пандемијата на коронавирусот.

Прославата на Божик во Витлеем не е откажана, но ќе биде сосема поинаква поради корона-кризата. 

Предбожикниот период вообичаено е  најпрометен период во родниот град на Исус на опалестинскиот Западен брег.

Празнично украсената божикна елка како и секоја година беше  свечено поставена пред Црквата на Христовото раѓање, но освен тоа  изминатите денови речиси ништо друго не наликуваше на вообичаените предбожикни денови во градот.

Фотографија: Mussa Qawasma/REUTERS

Повеќе:

-Христијани од целиот свет слават Божик во Витлеем

-Витлеем: Празнување на Божик со политички одеци

-Елката од Витлеем

На плоштадот пред црквата на Христовото раѓање е невообичаено тивко. Одвреме навреме можат да се види како некои мештани прават селфи пред божикната елка Продавачите на кафе на неколку тезги нудат топли пијалоци.

Но, туристичките групи не се тука со месеци. Ова беше тешка година за палестинскиот град кој во најголем дел живее од туризмот.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми