Мировната награда врачена на Фридлендер
14 октомври 2007Реклама
На израелскиот историчар Сол Фридлендер денеска до Франкфурт на Мајна му беше врачена мировната награда на германските книжари. Наградата е дотирана со 25 илјади евра. 75-годишниот Фридлендер, кој живее во САД, го сметаат за еден од најзначајните истражувачи на холокаустот. Во неговото главно дело “Третиот Рајх и Евреите” Фридлендер го опишува геноцидот врз европските Евреи за време на националсоцијализмот.
Заблагодарувајќи се за наградата, Фридлендер со досега необјавени документи ја опиша судбината на своите родители – Евреи, кои безуспешно се обидувале да побегнат од окупираната Франција во Швајцарија.