Мировна награда на Ахен
2 септември 2005Се наградува жена, керка на Бертолд Брехт, сега веќе 82-годишна актерка која во 1976 годдна ја заврши театарската кариера, но енергично продолжи да се бори со читања и антифашистички акции против десниот радикализам и воинственоста:
„Беше прекрасно кога сакав да ги читам моите ’Последни писма од конц-логорот’ на универзитетите и училиштата. Ми одговорија: не, би било еднострано. Потоа јас одговорив дека кога следниот пат по секое читање ќе пеам химна за Хитлер, тогаш нема да биде еднострано. Потоа изнајмив сала и сепак го направив тоа„.
Родена на 12 март 1923 година во Минхен како прва керка на Бертолд Брехт и неговата прва сопруга, оперската певица Маријане Цоф, а растеше во вториот брак на мајка си со артистот Тео Линген. За време на Втората светска војна живеше во Виена и таму се образуваше за артистичката кариера што започна во Салцбург. Берлин, Хамбург, Цирих и Минхен беа станиците на нејзината артистичка професија. Во битката против фашизмот, милитаризацијата и војните, Хане Хиоб беше огорчен противник, понекогаш и жесток. До денес неуморно настапува со нејзините антифашистички програми. Нејзините актуелни читања, „Последните писма од концентарциониот логор„ ги презентираше повеќе од 200 пати. Продолжува нејзината битка против десниот радикализам и за мир.