1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мисијата на ЕУ во Босна останува

6 март 2007

Два дена пред самитот на Европската унија во Брисел кој главно ќе биде посветен на климатските промени, на повидок е спор околу користењето на атомската ненергија. На вчерашната средба на министрите за надворешни работи, Франција и Чешка побараа поголемо користење на атомската енергија за постигнување на климатските цели. Повеќе држави, меѓу нив и Германија, го одбиваат тоа. Една од „класичните„ теми на

ЕОФОР ќе го намали бројот војници во Босна
ЕОФОР ќе го намали бројот војници во БоснаФотографија: AP

�редбата беше состојбата во Босна и Херцеговина.

Пробив и согласност треба да постигне канцеларката Ангела Меркел на самитот в четврток и петок. Нејзина цел е до 2020 година да се намали количеството штетни гасови за една третина. До 2050 дури и за 60 до 80 проценти во споредба со 1990. Германскиот шеф на дипломатијата Франк Валтер Штајнмајер е сигурен дека ќе успеат напорите да се најде компромис за климата:

„ Мислам, а тоа се покажа и за време на деншната работа, дека ќе ни успее да најдеме компромис дури и неочекувано за вас. Работиме врз тоа и сосем сум сигурен дека ќе успееме„.

Од другите теми, освен за Дарфур и ситуацијата на Блискиот исток, министрите разговараа и за состојбата во Босна и Херцеговина. Високиот претставник за надворешна политика Хавиер Солана изјави дека военото присуство на Европската унија во Босна и Херцеговина во наредните месеци би можело да се намали од сегашните 6 на 2 ипол илјади војници. Безбедносната ситуација е стабилна, иако политичките односи се уште не се задоволителни, рече Солана:

„Мораме да го задржиме притисокот врз политиката. Пред неколку дена овде беше босанскиот претседател. Му дадов јасен сигнал дека реформите мораат да продолжат, посебно во полицијата„.

Продолжувањето на затегнатостите меѓу етничките групи и натаму го спречуваат забрзувањето на реформите на уставот и полицијата. Обете пак, се итно потребни за да се исполнат стандардите на Европската унија, изјави германскиот министер Штајнмајер. Од тие причини и ќе биде продолжен мандатот на високиот претставник на ЕУ во Босна за уште една година.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми