1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мито во ОН-нови докази и прво апсење

9 август 2005

Високи функционери на ОН од програмата за Ирак „Нафта за храна“ примале високи износи како мито за нелегални зделки

Фотографија: AP

Само што беше поднесен најновиот извештај од истрагата во врска со програмата на ОН за Ирак,Нафта за храна,следуваше првото апсење.Доказите сега се наоѓаат кај американскиот државен обвинител,вели Марк Пит од тимот кој водеше истрага:

„Го приведовме Александер Јаковлев,кој како повереник на ОН се обидел да изнуди пари од една швајцарска фирма.Колку што знаеме,не успеал во тоа,но најдовме 1,3 милиони франци од други зделки.“

Впечатливи според швајцарскиот професор по право се и доказите против поранешниот раководител на Програмата нафта за храна,Бенан Севон.Блискиот пријател на генералниот секретар на ОН му овозможил на еден трговец под поволни услови да добие 7,3 милиони барели нафта од Ирак и за тоа во Женева добил награда во кеш.

„Она што го најдовме не е многу,околу 150 илјади долари.Но,за човек кој постојано бил во финансиска криза,тоа било токму колку што му треба.“

Севан,кој ги отфрли сите обвиненија,вчера го откажа договорот со ОН и исчезна во правец на Кипар.

Работата на комисијата не е завршена.Долго очекуваниот завршен извештај треба да се појави на почетокот на септември.Тој треба да покаже дали и колку е замешан во нелегални работи синот на генералниот скеретар на ОН Кофи Анан,Коџо и фирмата Котехна Конекшн.И покрај сите деманти,шефот на истрагата Пол Волкер сеуште гледа можна илегална поврзаност меѓу синот на Анан и швајцарската фирма од која добивал пари за зделките во Ирак:

„Постојат нови докази и сеуште прашања кои во овој извештај не можевме да ги одговориме на задоволувачки начин.“

Кофи Анан пак е задоволен што извештајот ќе се појави пред самитот за реформа на ОН.

Освен тоа,Марк Пит најавува и други разврски од областа на економското работење:

„На почетокот на октомври ќе излеземе со извештајот за однесувањето на фирмите и банките,во кој се содржани околу 4500 фирми.Знаеме дека околу 2 илјади од нив не работеле сосема коректно.“

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми