1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мито, затајување и проневери во германски фирми

Ролф Венкел/ Жана Ацеска24 декември 2012

Дојче банк, Сименс, Тисен Круп, во последно време се множат извештаите за неетичко однесување на германските фирми. Експертите за деловна етика порачуваат - чесноста има најдолг рок на траење.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Затајување данок, перење пари, проневери... пописот гревови за кои се сомничи Дојче банк е еден од нејзините шефови, Јирген Фичен, е долг. Уште ништо не е докажано, но штетата е огромна, зашто угледот на најголемата германска парична институција веќе подолго време го расипуваат афери и скандали. Меѓу нив се манипулациите со ЛИБОР-каматните стапки или процесот кој против Дојче банк го поведе бившиот медиумски могул Лео Кирх.

Во колкава мера е извалкан угледот на Дојче банк е тепко да се одреди. Тоа нема да биде можно да се одреди ниту при резимирањето на резултатите следното тромесечие. Сеедно, Јозеф Виланд од Институтот за управување со вредности на универзитетот во Констанц е убеден:

„Оној кој самиот трајно го валка својот углед, самиот се остранува од пазарот“.

Тоа не мора веднаш да се одрази врз вредноста на акциите, вели Виланд, но се забележува по прашањата: колку вработени може да се привлечат и каков е односот на клиентите. Тука постојат цела низа аспекти и не е случајно што банката вложува многу труд околу изградбата и одржувањето на својата репутација.

Името на Дојче банк вплеткано во пофеќе афериФотографија: Reuters

Секс и криминал

Но, се чини дека напорите не вродија многу труд, зашто бројни познати имиња од германската стопанска класа се на нашина на истрагата. Кај Тиесен Круп се работеше за картелско договарање околу железничките пруги, подвижните скали и лифтовите. Производителот на камиони МАН ги подмитуваше во многу земји лицата кои донесуваат одлуки за нарачки и тоа со милионски износи за да склучи зделки со јавните и приватни фирми. Кај производителот на автомобили Дајмлер истрагата откри случаи со подмитување во најмалку 22 земји. Фолксваген членовите на работните совети ги наградувал со скапи подароци, луксузни патувања и секс-оргии. Во осигурителниот концерн Ерго пак, како што јавноста бомбастично дозна од медиумите, посебно успешните ги наградувал со патувања за забава.

Од сето ова се заклучува дека чувството за работа во согласност со правилата, односно почитувањето на законските регулативи, се чини, уште не се во целост прифатени во германските фирми. Со тоа меѓутоа не се согласува Кристоф Литге од Катедрата за економска етика на Техничкиот универзитет во Минхен:

„Чувството за работа во склад со правилата е присутно, тоа пред се‘ значи однесување според законите, правилата. Големо мнозинство од претпријатијата направи прилично напори,вложи големи инвестиции, изгради големи оддели кои се занимаваат со тоа“, истакнува Литге.

Се бараат примери

Работење во согласност со правилата е добра работа, се сложува и Јозеф Виланд, но слепото придржување кон законската регулатива не е доволно:

„Се работи за ускладеност на правилата и за интегритетот. А тој , тука се мисли на однесување при водење, при давање пример, тука се мисли на тонот кој доаѓа од самиот врв, значи, на каков начин се комуницира на врвот. Без ангажирано водство со интегритет како пример ниеден систем нема да функционира, постојано ќе доаѓа до отстапувања“, вели Виланд.

Многу фирми „наградуваат“ со луксузни патувањаФотографија: AFP/GettyImages

Името на Сименс стана синоним за најголемиот скандал со подмитување во германското стопанство. Во 2006. година иследниците наидоа на сомнителни исплати во вредност од 1,3 милијарди евра. Последиците беа остри казни: Сименс во САД и на германското правосудство им плати 1,2 милијарди евра и уште толку за да се расчисти фактичката состојба.

Чиста работа

„Најдоцна по аферата со Сименс знаеме дека пепостапувањето според правилата не е евтино, туку може да биде и поскапо“, вели Виланд. Дури, и кога размерот на штетата по угледот тешко може да е утврди, таа на акционерите не може да им биде небитна:

„Дури верувам дека е обратно, дека сопствениците кои серизоно ги сфаќаат своите интереси, мораат да истраат на тоа претпријатието да се придржува на законите“.

Она во што речиси сите експерти за економска етика се едногласни е дека долгорочно се иплатуваат само чисти зделки, со други зборови дека чесноста има најдолг рок на траење.

„Тоа најдобро функционира. Кога постои конкуренција која добро функционира, во која потрошувачите имаат збор, тогаш му се помага и на моралот, но и на економскиот успех“, заклучува Кристоф Литге.

Ролф Венкел/ Жана Ацеска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми