1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мицкоски и Ковачевски во клинч за нови избори

ДТЗ
21 февруари 2022

Премиерот вели дека нема да се сретне со лидерот на опозицијата доколку единственото прашање за кое би се разговарало е барањето за предвремени избори.

Nord-Mazedonien Skopje | Neue Regierung
Фотографија: Robert Atanasovski/AFP/Getty Images

Премиерот Димитар Ковачевски нема да се сретне со лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски доколку единственото прашање за кое би се разговарало е барањето за предвремени избори. Премиерот вели дека избори ќе има, но во 2024 година. Во моментот, тој смета дека на земјата не и се потребни избори, туку лидерство за надминување на последиците од кризата. 

„Не сум човек кој подлегнува на притисоци, закани и уцени. Доколку единствена точка за која опозицијата смета дека треба да се разговара се предвремени избори, тогаш таква средба нема да има, бидејќи сакам да повторам дека избори ќе има, но во 2024 година“, изјави денеска Ковачевски.

Одговарајќи на новинарски прашања по обиколката на градежните активности на делницата Крупиште – Кочани, тој изјави дека во овој момент на РСМ и е потребно лидерство и одговорност за справување со големите предизвици во оваа кризна година, а тоа е енергетската криза, која е европска, потоа здравствената криза која се уште е присутна преку новите соеви и ценовната инфлација. „Сите треба да бидеме единствени во справувањето со најголемите предизвици со кои се соочува државата“, порача тој. 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, е убеден дека порано или подоцна ќе дојде до предвремени парламентарни избори, на кои инсистира опозицијата.Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Избори, па одговорност 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пак, е убеден дека порано или подоцна ќе дојде до предвремени парламентарни избори, на кои инсистира опозицијата.

„Јас не очекувам дека оваа криминална власт ќе сака да ги напушти дебелите црвени килими и кожните фотелји каде е залегната и привилегиите кои ги уживаат на грбот на народот. Не очекувам дека тоа ќе го прифатат и едноставно ќе заминат, затоа што се свесни дека после тоа следува одговорност“, вели тој. Но, според Мицкоски, подоцна или порано ќе се случат парламентарни избори. „А, потоа следува одговорност за сите овие погрешни политики за кои македонскиот народ и граѓаните се сведоци изминатите четири години“, изјави Мицкоски во Гостивар.

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, во петокот имаше средба со лидерот на Беса, Билал Касами, со кој порачаа дека имаат план и стратегија и дека ќе ги искористат сите методи за да има предвремени парламентарни избори.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми