1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мицотакис: Можно е подобрување на Преспанскиот договор

ЕМФ | Панајотис Купаранис
29 август 2019

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис по средбата со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин со само една реченица го спомена Преспанскиот договор.

Griechenland-Besuch Angela Merkel bei Oppositionsführer Kyriakos Mitsotakis
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Tzortzinis

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за време на својата прва посета на Германија со канцеларката Ангела Меркел разговарал за економски, финансиски, билатерални и регионални прашања. На прес-конференцијата во Берлин по средбата на двајцата државници, Мицотакис го спомена и Преспанскиот договор, но само со една единствена реченица:

„На канцеларката ѝ се познати моите ставови за Преспанскиот договор, кој е договор со сериозни недостатоци, но кој може да биде подобрен во рамките на вкупната европска перспектива на Балканот.“

Меркел не се осврна воопшто на ова прашање. Таа ја пофали реформската програма на владата во Атина и рече дека би сакала владата на Мицотакис да ја поттикнува приватизацијата. „Тоа значи и дека и за германските претпријатија ќе се отворат можности за инвестиции. Тоа германското стопанство сигурно радо ќе го искористи.“

Германската канцеларка и грчкиот премиер за почетокот на 2020 година најавија заедничка конференција со цел да се поттикне инвестирањето во Грција. Притоа акцент ќе биде ставен пред сѐ на заштитата на климата, нагласи Меркел.

Повеќе: 

Мицотакис во посета кај Меркел

Грција подготвена за отворена Европа?

Мицотакис уште оцени дека во моментов не гледа потреба од должничко олеснување за неговата земја и нагласи дека Грција ќе ги оствари своите амбициозни финансиски цели за 2019 и 2020 година. Грчкиот премиер уверуваше дека неговата влада ќе стави акцент пред сѐ на реформите и инвестициите. Ако грчката економија бележи поголем пораст, ќе биде и поедноставно да се вратат долговите, рече тој.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми