Мицотакис со интерпелација за Ципрас поради Македонија
14 јуни 2018![Griechenland Alexis Tsipras mit Kyrikos Mitsotakis](https://static.dw.com/image/42347999_800.webp)
Лидерот на грчката опозициска десница Кирајкос Мицотакис денеска најави дека поднесува предлог за гласање на недоверба на владата на премиерот Алексис Ципрас за да се блокира договорот со македонските власти за промена на името.
Лидерот на најголемата опозициска партија Нова демократија во обраќањето пред грчките пратеници изјави дека Ципрас нема мнозинство во парламентот за да го поддржи договорот што го постигна тој со македонскиот премиер Зоран Заев.
Владејачката левичарска коалиција на Ципрас има 154 места во 300-члениот парламент. Коалициониот сојуз на Ципрас, Независни Грци, јавно изјави оти нема да го поддржат договорот постигнат со Скопје, но и оти нема да ја соборат владата.
Повеќе:
-Решение за името има, но кавгата продолжува
-Грците поделени во однос на договорот со Македонија
-Зa Заев и Ципрас-иднина, за Мицкоски и Мицотакис- капитулација
„Ова е последната сламка ", рече лидерот на Нова Демократија, во парламентот. „Ние нема да ги поделиме Грците за да ги обединиме (Македонците)“, додаде Мицотакис.
„Јас имам обврска кон грчкиот народ да се обидам да спречам иднината на нашата татковина да се најде под хипотека на договорот кој е штетен за националните интереси", рече Мицотакис. Тој вчера го оцени договорот како проблематичен.
Претседателот на грчкиот парламент Никос Вуцис рече дека дебатата за недоверба ќе започне во 18 часот според локално време.