1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоСеверна Македонија

Мијалков се спогоди за „Империја“

ДТЗ
8 јули 2022

Поранешниот шеф на тајната служба, Сашо Мијалков призна вина и се спогоди со Обвинителството за организиран криминал, откако претходно тоа го стори и бизнисменот Орце Камчев

Nord-Mazedonien Saso Mijalkov
Фотографија: P.Stojanovski/DW

Поранешниот шеф на тајната служба, Сашо Мијалков призна вина и се спогоди со Обвинителството за организиран криминал за случајот „Империја“. Со спогодбата, Мијалков е осуден на 3 години затвор и ќе треба да исплати 6,1 милиони евра во кеш за уделот во хотелот Мериот. Одземен му е и имот во вредност од околу 30 милиони евра. 

Пред неколку месеци Обвинителството го замрзна имотот на поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков, односно уделите во познатиот скопски хотел Мериот, како и апартмани и гаражи во Скопје со површина од над 800 квадратни метри.  

Во април годинава и бизнисменот Орце Камчев потпиша спогодба и призна вина за случајот „Империја“, со што беше осуден на  една година затвор. Камчев во државниот буџет врати над 5,2 милиони евра.  

Случајот „Империја“ беше отворена во 2018 од страна на поранешното СЈО за злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело. Покрај Камчев и Мијалков како првоосомничени, во истрагата беа опфатени уште 11 други лица.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми