1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Младите во Бон против расизмот

22 јануари 2007

„Град против расизмот“, ова треба да стане поранешниот главен град на Германија Бон. Цел која не е актуелна само кај политичарите, туку важна и за младите во Бон.

Бон
БонФотографија: cris vieira

За подобар град за подобар живот - тое е цел на учениците во средното училиште во Бон Бојл, и за тоа пеат на својата учишната бина. Бели, црни, со шамија или без - бонската химна за борба против разизмот сите ученици ја пејат со задоволство.

Повеќе од 1000 ученици и наставници, во акцијата „Покажетему на расизмот црвен картон“ изминативе денови во Бон се заложија против непријателството кон другите. Тие особено акцент ставија на борбата против расизмот. Мели Шоп има 13 години и е полу Нигеријанка, која поради нејзината темна боја на кожата веќе имала лоши искуства „Веќе сум била навредувана. Но на тие провокации не им посветувам внимание и не велам ништо. Всушност не ме интерсира, што другите мислат за мене. Јас се облклекувам како што јас сакам и одам онаму каде што сакам. Јас исто така сум горда на мојата боја на кожата. “ вели Мели

Во нејзиното училиште Мели добро се чувствува, бидејќи тоа заедно со уште две други бонски училишта се задолжени за борба против расизмот во градот и за таа цел постојано спроведуваат акции. 70 проценти од ученици веќе имаат потпишано изјава за борба против разимот, а пред шест години трите училишта ја добија и наградата „Училиште без расизам“.

Но да се делува активно против оваа општествена појава, не значи само од време на време да се органзиираат јавни акции. Раководителот Јирген Нимпч од училиштетото во Бон Бојл појаснува дека неговите ученици постојано работата на проекти заедно со млади од други земји „Имаме на пример девет партнерски училишта распоредени низ целиот свет. Таму се разбира се учи на друг јазик. Важни пред се во соработката се политичко – општествентите проекти кои служат, учениците заеднички да ја обработат на пример гераманско – полската историја, да имаат контакти со луѓето од други земји и на овој начин да научат толку многу, за овдека во Бон во нивниот роден крај активно да се залагаат за тоа да бидат против расизмот.“

Но не само борбатат против расизмот, младите учат и за толератнцијата и отвореност. Па така во иста училница седа деца кои имаат душевни или телесни пречки во развојот заедно со другите деца. Многумина се сомневаат дека ова е паметно решение но професорката Бетина Јобст има поинакво мислење „Тоа е распространето мислење, кое вели дека помалку се учи, ако во класот има послаби ученици. Напротив. Учениците многу подобро пред се’ учат како да се однесуваат кон другите. Многу се полага на овие вредности.“

Борбата против нетолеранцијата и расизмот, младите сериозно ја сфаќаат. Па така кога се органзира манифестација учениците самите ги подготвуваат содржините. Тие пишуваат тексови за театарски дела, или изведуваат танци на африкански и арапски кореографи. 17 годишниот Тимо Грауман е одговорен за планирање на манифестациите, тој е многу задоволен што акцијата изведена деновиве помина многу добро За него проектот „Градот против расизмот“ ќе постои се додека има потреба од такво нешто во општеството „Наша цел за оваа година е, до почетокот на 2009 година, кога ќе биде отворен меѓународниот конгресен центар во Бон, да станеме град против расизмот. Сакаме колку што е можно повеќе училишта да се вклучат во оваа акција, а со нив и што е можно повеќе улченици да го поддржуваат борбата против расизмот.“

Секое училиште не мора да го носи епитетот за против расизам, многу поважно е младите да станат свесни, што се крие зад овој проект и со заеднички сили да се борат против нееднаквоста и нетрпеливоста кон странците.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми