1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Младите во фокусот на самитот ЕУ-Балкан во Париз

Аделхајд Фајлке4 јули 2016

Кренаре Гаши, претставник на граѓанското општество од Косово во Проектот за регионална соработка на младите кој треба да биде потпишан денеска во Париз, за ДВ говори за проектот.

Kosovo Krenare Gashi von Youth Center Netweg in Prishtina
Фотографија: DW/A. Feilcke

ДВ: За каков проект се работи?

Кренаре Гаши: Јас сум претставник на граѓанското општество во процесот на формирање на Регионална канцеларија за соработка на младите (РИКО). Оваа канцеларија има за цел да ја поддржи соработката на младите во регионот на Западниот Балкан, и наместо да гледаат во минатото да им овозможи просперитетна иднина.

РИКО е идеја која беше претставена на Берлинскиот процес и иницирана во Виена. Од минатото лето, работна група го изработуваше документот кој треба да биде потпишан на Самитот во Париз.

Што можеме да очекуваме од овој центар?

Центарот ќе биде оперативен од јануари 2017. Тој ќе поддржува проекти и активности во рамките на четирите основни цели на РИКО за активизам и учество на младите: култура, млади, образование и истражување. Сите млади од Западниот Балкан кои имаат идеи за заеднички регионални проекти во споменатите полиња се добредојдени да се пријават. Седиштето ќе биде во Тирана, но ќе има шест регионални центри во шесте земји од регионот.

Која ќе биде ползата од овој центар?

Тој е неопходен за да тргнеме напред. Верувам дека е важен чекор затоа што регионот на Западен Балкан е малечок, но поделен. Доколку работиме заедно и ја зголемиме мобилноста ќе придонесеме за развој на регионот, но и во процесот на помирувањето меѓу земјите. Исто така важно: целиот Западен Балкан се стреми кон европска интеграција, но таа не е можна без регионална соработка.

Како ќе комуницирате со младите луѓе и колку е инвестирано во овој проект?

Сите заинтересирани можат да се информираат преку нашата интернет страница www.rycowesternbalkans.org . Втора важна информативна станица е Франко-Германската младинска канцеларија која ќе го помага целиот процес. Во проектот се инвестирани два милиона евра - пари кои делумно доаѓаат како придонес од шесте земји, а главната поддршка доаѓа од европските институции како Европската Комисија и ЕУ.

Разговорот го водеше Аделхајд Фајлке

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми