Младите Италијанци без работа и иднина
29 јуни 2011Реклама
Италија има нов дежурен виновник - министерот за јавна управа Ренато Брунета. Еден негов настап во Рим му беше судбоносен. Италијанците се убедени дека Брунета си го покажа своето вистинско лице. Имено, за време на собирот на подиумот се качи една млада жена и рече дека е невработена, а потоа побара објаснување од министерот. Тој, пак, наместо да и‘ одговори на младата жена, ја напушти салата пцуејќи. „Вие сте најмизерното во Италија“, рече притоа министерот Брунета.