Младите луѓе се виновни за ширење на коронавирусот?
Елизабет Шумахер
9 мај 2020
Коронавирусот особено се прошири меѓу младите луѓе на возраст од 20 до 40 години, објавено е неодамна, со повикување на студија од Харвард. Работата сепак е малку покомлицирана.
Реклама
Коронавирусот масивно ги оптовари здравствените системи ширум светот и предизвика зголемување на смртните случаи. Владите беа принудени на воведување забрани за движење и меѓусебни контакти на луѓето. Во фокусот на јавноста во светот се најдоа земји како Јужна Кореја, Нов Зеланд и Германија, со оглед што во нив пандемијата имаше помали последици. Тоа го разбуди интересот како на професионани научници, така и на хоби-епидемиолози.
Затоа не чуди вниманието кое го предизвика студија за тоа колку во Германија се почитува правилото за излегување и неконтактирање. Според таа студија, посебно младите луѓе не се придржуваа на забраната за контактирање и со тоа придонесоа за ширење на коронавирусот. До тој резултат стигна група научници од Универзитетот Харвард. Сознанијата се објавени во магазинот за наука, заразни болести и епидемиологија, Eurosurveillance. Студијата се појави по викенд во кој голем број млади луѓе уживаа во градските паркови, а некои учествуваат во протести против забраните за движење и контактирање.
Поголем ризик за младите луѓе
„Младите на возраст меѓу 20 и 24 години ја шират пандемијата на коронавирус во Германија“, беше насловот во Тагесшпигел, повикувајќи се на студијата од Харвард. Но, колку се сигурни тие тврдења ако подобро се погледнат податоците? Епидемиолозите од Харвард, Едвард Голдштајн и Марк Липсич во студијата ги користеле податоците од Институтот Роберт Кох. Тие користеле податоци за бројот заболени од Ковид-19 во последната недела од март и почетокот на април. Од тоа изведуваат заклучок дека релативниот ризик за инфицирање со коронавирус во Германија е многу повисок кај лица на возраст меѓу 15 и 34 години, а посебно за оние меѓу 20 и 24 години, отколку за сите останати возрасни групи. Слична ситуација научниците утврдиле и во Јужна Кореја, каде најмногу заразени има кај групата меѓу 20 и 29 години.
Љубов во време на коронавирус
Илјадници двојки низ цел свет склучија брачен сојуз без оглед на загриженоста поради коронавирусот. „Вооружени“ со заштитни маски, двојките ја запечатија љубовта на масовни свадби во Јужна Кореја и Филипини.
Фотографија: Reuters/H. Ran
Љубовта не прекинува
Среќна невеста и среќен зет ја слават својата романтична свадбена масовна церемонија во Гачиеонг, град во северниот дел од Јужна Кореја. Свадбата се одржа на 7 февруари, пред во земјата да бидат откриени масовни случаи на коронавирусот.
Фотографија: picture-alliance/AP/Ahn Young-joon
Бакнежи преку маски
220 двојки во филипинскиот град Баколод на 20 февруари се заколнаа на вечна љубов на масовна венчавка и се бакнаа, но преку маски. „Поинакво е чувството кога се бакнуваш со маска, но бакнежот е дел од церемонијата“, изјави младоженецот Џон Пол за австралиските медиуми.
Фотографија: Reuters/Bacolod City Public Information Office
Ден на вљубените во кризни времиња
Оваа невеста во филипинската престолнина Манила носи заштитна маска и чека да тргне кон олтарот на масовната свадбена церемонија која се одржа на 14 февруари, на Свети Валентин, омилен ден за масовни венчавки во земјата. На Филипини досега се регистрирани неколку случаи на заразени со коронавирус и има еден починат.
Фотографија: Imago Images/Zuma/L.M. David
Ах, љубов....
На масовна свадба во Јужна Кореја, според француската новинска агенција АФП, биле поделени 30.000 заштитни маски за лице на присутните двојки и нивните гости. Венчавката се одржала во Црквата на обединувањето, основана од Сун Мијунг Мун, кого следбениците го слават како месија.
Фотографија: AFP/Jung Yeon-je
Пресни младенци
Во Јужна Кореја беа откажани фестивали, прослави и концерти, зашто се стравуваше дека масовните собири ќе го поттикнат проширувањето на вирусите. Но пред љубовта, сите мерки капитулираа...
Фотографија: Reuters/H. Ran
Избор - дали да се носи маска или не
Заштитните маски беа делени на масовните свадби, но учесниците и гостите имаа право на избор дали ќе ги носат или не - некои се одлучија да не ги стават.
Фотографија: Reuters/H. Ran
6 фотографии1 | 6
Равенка со повеќе непознати
Но, студијата изричито вели дека научниците не можеле да утврдат причини за зголемениот ризик од зараза кај оваа старосна група. Нивната студија споменува дека можноста за ширење на коронавирусот е поврзана со „послабо придржување на одредбите за држење растојание кај лицата меѓу 15 и 34 години.“ Но, научниците не се занимавале со фактот дека младите луѓе почесто извршуваат работи кај кои доаѓаат во контакт со многу луѓе, како на пример во хотели и ресторани, во продавници, автобуси и трамваи. Некои од тие сектори во текот на корона-кризата навистина мораа да бидат затворени, но харвардските научници се повикуваат на податоци кои се делумно настанати пред воведувањето на ограничувањето на движење. Тоа значи дека е можно дека мадите луѓе се заразиле во тоа време на своето работно место. Студијата исто така не го зема во превид тоа што младите луѓе поретко имаат свој автомобил и затоа во време на пандемија мора да користат јавен превоз. Освен тоа, не се зема во превид фактот дека во Германија епидемијата на коронавирус почна да се шири преку младите луѓе кои се враќаа од скијање во Австрија или кои славеа карневал.
Едно друго истражување уште повеќе ги комплицираше работите. Тоа беше објавено во ист ден како и студијата од Харвард, а се однесува на областа Хајнсберг, еден од епицентрите на Ковид-19 во Германија. Околу 9.000 жители на овој мал град беа тестирани на коронавирус. Добиените податоци велат дека 20 проценти на инфицираните биле асимптоматични, што значи биле заразени без да забележат. Тоа би можело да значи дека во Германија до 1.800.000 луѓе веќе дошле во контакт со Ковид-19. Тоа е десетпати поголем број заразени од официјалниот според Институтот Роберт Кох. Ако таа претпоставка биде потврдена, тогаш заклучоците изведени од податоците на Институтот Роберт Кох би изгледале уште пошпекулативни.
Мноштво сомнителни студии
Во поново време, научниците повикуваат на критичко посматрање на разните студии кои се шират преку интернет за коронавирусот. Некои од нив не се ни официјално објавени, што значи дека не се проверени од независни стручњаци. Дури и кај студиите кои поминале низ т.н. „peer-review", постои проблем од премал број или преоптоварени експерти. Освен тоа, студијата од Харвард е наведена како т.н. „rapid communication", што во научните часописи е израз за забрзан процес на објавување на статијата за некоја моментно важна тема. Слично важи и за студијата од Хајнсберг: недостига проверка на независни експерти.
Без оглед на импресивните слики на луѓе на пикник во парковите или протестите, нема научни докази дека младите луѓе во Германија почесто ги кршат правилата за држење дистанца отколку постарите. Но, има доволно докази дека младите луѓе под 35 години носат посебен товар од пандемијата, економски и физички. Тие припаѓаат на генерации кои ионака се понеимашливи од нивните родители и баби и дедовци. Сега треба да стравуваат и од невработеност и рецесија.
Од Азија кон Европа: Походот на заштитните маски против коронавирус
Прво важеа за неефикасни и збунувачки, но се‘ повеќе земји во меѓувреме воведуваат правило за носење заштитни маски против ширењето на коронавирусот. За победоносниот поход на маските, започнат во Азија.
Фотографија: picture-alliance/dpa/U. Zucchi
Ракавици, мобилен телефон, заштитна маска
Дали и во Германија ќе се воведе обврска за носење заштитна маска? По консеквентната употреба во Азија, институтот Роберт Кох препорача нејзино носење и во Германија. Јена е првиот град кој ја водведе оваа мерка, од 6 април во супермаркетите и јавниот сообраќај таму таа е задолжителна. Како заштита се прифаќа и шал или марамче на устата.
Фотографија: Imago Images/Sven Simon/F. Hoermann
Подарок за пожарникарите
Со оглед на големиот недостиг на заштитни маски, луѓето и институциите се снаоѓаат и сами. На Јутјуб и на Твитер под хаштагот „maskeauf“ многумина демонстрираат колку е едноставно да се изработи маска. Меѓу нив е и професионалната шивачка од Државниот театар Котбус, Керстин Бохов. Маските кои ги изработува оваа костимографка се наменети за пожарникарската служба и за Црвениот крст во Германија.
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Pleul
Плетени маски
Уметничката Манша Фридрих плете маски за заштита од коронавирус. Нејзините маски се украсени со мотиви на насмеани лица, животни, сонце. Внатрешната страна на маските може да се менува. Уметничката од Хановер не дозволува корона-кризата да ѝ го расипе расположението.
Чешка и Словачка се отидени чекор понапред, таму уште на средината на март е воведена обврска за носење заштитни маски. Оној кој влегува во супермаркет или градски превоз, мора да носи маска. Словачката претседателка Зузана Чапутова и премиерот Игор Матович предничат со добар пример. И Австрија во меѓувреме воведе обврска за носење маски во супермаркет.
Фотографија: Reuters/M. Svitok
Будење на пролетта во Кина
Во Кина заштитните маски одамна се задолжителни за граѓаните. Оваа двојка, без оглед на кризата со коронавирус и ригидните контроли, не сака да се откаже од романтика. Двајцата занесено танцуваат на пролетното сонце и сигурно забораваат на сите останати околу себе.
Фотографија: AFP
Израел не дозволува исклучоци
И во Израел во сила се драстични ограничувања на движењето, кои ги воведе премиерот Бенјамин Нетанјаху, а се контролирани од полицијата и од војската. Кон нив мора да се придржуваат и ортодоксните Евреи. Во квартот Меа Шерим во Ерусалим, еден вооружен полицаец му наложува на својот ултраортодоксен сограѓанин да се прибере дома.
Фотографија: picture-lliance/dpa/I. Yefimovich
Уметност во Појасот Газа
Во густо населениот Појас Газа, уметниците се обидуваат да ги мотивираат граѓаните. Во квартот Шујаија, тие украсуваат заштитни маски со различни мотиви. Владата во Појасот Газа воведе ограничување за движењето на населението и забрана за одржување на сите манифестации. И т.н. „Марш на враќањето“, кој секоја година преку масовни протести се одржува на границата кон Израел, годинава е откажан.
Фотографија: Imago Images/ZUMA Wire/A. Hasaballah
Колумбиски „силници“
Во Колумбија на маските доминираат драстични и впечатливи мотиви. Вилиците на маските на двајцата полицајци се чини се инспирирани од колосот Хулк. Хулк е главната фигура во стрипот на Стен Ли и Џек Кирби, објавен во 1962 година. Приказната за неверојатниот Хулк е адаптирана во бројни филмови и серии.
Фотографија: AFP/L. Robayo
Макрон ќе се справува со недостигот од маски
Францускиот претседател посети фабрика за производство на заштитна облека и маски во Сент-Бартоломи д‘Анжу. Стотици лекари ја критикуваат владата што не набави доволни количини заштитна облека во време на епидемијата на коронавирус, но многумина од нив сепак работат, дури и без заштита. Емануел Макрон планира потребата од заштитна опрема да ја покрие со домашно производство до крајот на годинава.