1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ММФ и Светска банка дебатираат за економските предизвици

АТ/ дпа/ ртр/ миа12 октомври 2012

Во Токио се оддржува годишното заседание на ММФ и Светска банка. Предизвиците кои стојат пред светсктото стопанство, пред се’ надминувањето на европската криза, се тема на средбата.

Фотографија: REUTERS

Во Токио започна годишното заседание на ММФ и Светска банка. На заседанието учествуваат министрите за финансии и гувернерите на централните банки од целиот свет.

Пет години по почетокот на банкарската криза светскиот финансиски систем и натаму е премногу ранлив, изјави шефицата на ММФ Кристин Лагард на почетокот на тридневната средба. И покрај сиот позитивен напредок неопходните реформи ни од далеку не се завршени, опомена Лагард.

Претседателот на Светска банка Џим Јонг Ким во говорот на отворањето на средбата нагласи дека економската и финансиска нестабилност во Европа им се заканува и на порастот и на работните места во земјите во развој. Тој предупреди во вакви околности да не се заборави борбата против сиромаштијата во светот.

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле и директорката на ММФ Кристин ЛагардФотографија: REUTERS

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле го критикуваше намалувањето на бонитетот на Шпанија од страна на рејтинг агенцијата „Стандард и Пурс“. Одлуката се базира врз недоразбирање, кое било создадено преку нереални и несоодветни очекувања на финансиските пазари, изјави Шојбле во Токио за време на годишното заседание на ММФ и Светска банка.

Инаку европската должничка криза е една од главните теми на заседанието. Други точки од дневниот ред се очекува да бидат: зголемувањето на државните долгови, неуспехот на многу земји да преземат структурни реформи и бавното темпо на реформи во ММФ, што имаат за цел Фондот да го покаже растечкото влијание врз новопојавените пазарни економии и глобализацијата.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми