1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ММФ предупредува од популизам и протекционизам

БГ
5 октомври 2016

Глобалната економија е во криза која ќе продолжи и натаму, со можност и да се заостри, предупредува Меѓународниот монетарен фонд во прогнозата за следната година. Се потенцира опасноста од протекционизмот и популизмот

USA IWF Haupteingang
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Lo Scalzo

Меѓународниот монетарен фонд предупредува дека протекционистичките политички трендови ја ставаат во ризик слободната трговија што може да се одрази со слаб раст на глобалната економија во иднина. Во новиот извештај за Светските економски изгледи, институцијата алармира и околу „опасниот“ кредитен вртлог во Кина. Со британското гласање за излез од ЕУ, и американскиот претседателски кандидат кој заговара крај за отворените граници, ММФ оценува дека популистичките политики ја доведуваат во опасност либерализацијата и економскиот раст.
За годинава ММФ очекува глобален раст од 3,1 процент, а догодина- 3,4 отсто.
„Во целина, светската економија се движи странично“, изјави водечкиот економист на ММФ Морис Обстфелд. Тој смета дека слабиот раст поттикнува негативни економски и политички сили низ целиот свет. ММФ веќе ги намали прогнозите за напредните светски економии за тековната година за 0,2 проценти, но ги покачи истгите за растечките економии на 4,2 проценти. 
„На среден рок, иако очекуваме напредните економии да продолжат со разочарувачки ниски стапки на раст, надоаѓачките пазари и економиите во развој би требало да забрзаат“, прогнозира Обстфелд.

Фотографија: Getty Images/S. Jaffe/IMF

Тонот на целиот извештај е мрачен, сметаат аналитичарите од фирмата Капитал икономикс, каде очекуваат прогнозите за раст дополнително да се намалат следната година. Во својот осврт, Обстфелд предупреди од „растечки политички отпор“ во богатите земји каде дистрибуцијата на приходите расте „остро во правец на највисоко платените“.
„Резултатот во некои од побогатите земји е појавата на политички движења кои ја обвинуваат глобализацијата за сите проблеми и се обидуваат да ја оградат економијата од глобалните трендови наместо да ја засилат соработката со странските држави“, вели тој.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми