1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ММФ прогнозира помал раст

ЕМФ /агенции
9 октомври 2018

Светската конјунктура губи сила, проценува Меѓународниот монетарен фонд. Тоа особено го чувствува Германија како извозна земја.

USA IWF Haupteingang
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Lo Scalzo

Растечките конјунктурни ризици го кочат порастот на светската економија. Меѓународниот моентарен фонд во својата најнова прогноза вели дека за 2018 и 2019 година се очекува глобален пораст од 3,7%. Во досегашната прогноза на ММФ очекуваниот пораст беше 3,9%.

Како причина за намалената прогноза, покрај „негативните ефекти“ од трговско-политичките мерки, Меѓународниот монетарен фонд ги наведува и зголемените тешкотии за низа земји во забрзан подем и земји во развој, меѓу кои и заострените финансиски можности, односно поскапените кредити и повисоките цени на нафтата.

Најголемиот товар за светската економија, според ММФ, во моментов се трговските конфликти кои се зголемуваат, пред сѐ судирот на САД и Кина. Покрај тоа, тука е и несигурноста што со себе ја носи Брегзит, како и последиците од промените на каматната политика во САД за многу земји во забрзан подем.

Неопходни се реформи, „кооперативни решенија“ и избегнување на протекционистички реакции, бара ММФ.

Повеќе: Прогнозите на ММФ не се причина за оптимизам

Меѓународниот монетарен фонд во својата актуелна прогноза за Германија превдидува пораст на брутодомашниот производ за 1,6% годинава и наредната година. Во споредба со прогнозата направена во април годинава, тоа значи намалување за 0,6%, односно 0,1%.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми