Многу загинати во судирите во Мали
23 февруари 2013Во најжестоките судири по повеќе недели, според наводите на армијата на Чад, која исто така има испратено трупи во регионот, загинале најмалку 13 чадски војници.
Тоа е најголем број на загинати странски војници од почетокот на воената кампања против исламистичкте бунтовници, која почна пред шест недели.
Во битките во близина на границата со Алжир, пак, се убиени најмалку 65 припадници на радикално-исламистичките бунтовнички сили, соопшти армијата на Чад.
Француските трупи на 11 јануари на молба на владата во Бамако започна интервенција во Мали за да го спречат напредувањето на исламистичките бунтовници од северниот во јужниот дел на земјата.
Во моментов, во Мали се стационирани речиси 4000 француски војници, кои во операциите се поддржани од трупи на африканските држави. Единиците од земјите на Заедницата на западноафрикански држави - ЕКОВАС во март би требало на теренот да започнат да ги заменуваат француските трупи.