1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Многу лавини на Алпите

СН/ агенции
14 јануари 2019

Во регионот на Алпите и натаму владее голема опасност од лавини. На други места пак со постепената промена на временските услови се појавуваат нови проблеми.

Deutschland Schneebedeckte Bäume bei Altenberg werden gefällt
Фотографија: Reuters/O. Barth

Повеќе лавини во германската покраина Баварија и во Австрија денеска повторно ја потенцираа опасноста од екстремните снежни врнежи. Во скијачкиот центар Балдершванг, во регионот Алгој во Баварија, лавина со широчина од 300 метри денеска изутрина удрила во хотел и нанесла голема материјална штета. Среќа во несреќа: според првичните наводи, никој не е повреден во налетот на снежните маси. 

За актуелната состојва во регионот повеќе во следнава галерија:

Ова е само една од повеќето лавини кои денеска го погодија алпскиот регион. Но, според наводи на метеоролозите, снегот треба да премине во дожд. Од неделата во австрискиот регион Тирол падна до 1 метар нов снег. За денеска се најавени натамошно 50-тина сантиметри. За утре се очекува привремен крај на снежните врнежи, потопло време и дожд. Но ваквите временски услови веќе создаваат проблеми во пониските региони пред Алпите. Во прв ред расте ризикот од поплави.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми