1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

МНР нема да го прогласи рускиот амбасадор за непожелен

ДТЗ
8 март 2022

Бујар Османи вели дека засега нема основа за таква мерка, но откако Русија ја објави листата на непријателски земји, тој повикува да не се купува руска нафта оти со неа се финансира армијата на Путин.

Mazedonien Außenministerium
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Северна Македонија не планира да го прогласи рускиот амбасадор во Скопје за персона нон грата, како возвратна мерка откако Русија објави листана непријателски земји коишто ја осудија воената интервенција на Москва и ја поддржаа Украина. Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека засега нема никаква основа рускиот амбасадор да се прогласи како персона нон грата. 

„Не е прекршување на тоа ниво за амбасадорот да се прогласи за персона нон грата“, изјави Османи за ТВ 21. Ваквите повици во јавноста станаа се погласни откако руската амбасада објави на Твитер дека „ги следи граѓаните и дека истражува присуство на русофобија“, а потоа осамна и список на земји коишто Путин смета дека вршат непријателски дејствија против Русија, нејзините компании и граѓани. На списокот се наоѓаат Австралија, Велика Британија, земјите-членки на ЕУ, Исланд, Канада, Лихтенштајн, Монако, Нов Зеланд, Норвешка, Јужна Кореја, Сан Марино, Андора, Сингапур, САД, Тајван, Украина, Северна Македонија, Албанија, Црна Гора, Швајцарија, Јапонија и Микронезија. 

Како реакција на овие постапки ,во понеделникот (07.03.2022) во македонското Министерство за надворешни работи беше повикан рускиот амбасадор во државата, Сергеј Баздникин. На амбасадорот Баздникин му била врачена вербална нота, поради тоа што Руската Федерација ја стави Северна Македонија на листата на непријателски земји. 

Украинска крв на руската нафта 

Шефот на македонската диломатија, сепак најави дека Северна Македонија ќе се придржува кон санциите и сите мерки коишто ќе бидат договорени со ЕУ во однос на руската инвазија на Украина. 

Тој вели дека граѓаните кои се снабдуваат со нафта од руски компании во земјава, всушност ја финансираат руската армија.

„На сите ни е јасно дека купувањето на руска нафта и гас ја финансира војната, односно руската армија. Главните средства на Русија доаѓаат од изворите на природен гас и нафта. Како што гледате Европа е зависна од тој гас и од нафтата и доставата не е прекината целосно токму поради таа зависност“, вели Османи.

Тој смета дека украинскиот министер бил во право кога рекол дека украинска крв има на руската нафта. „Како што гледате Европа постојано, посебно сега бара алтернативни извори на енергија, но сега за сега ситуацијата е ваква каква што е“, додава Османи. Според него, Северна Македонија мора да ја преадаптира својата долгорочна енергетска стратегија.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми