1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Могерини: Целиот Балкан ќе биде дел од ЕУ

БГ
5 септември 2017

Шефицата на европската дипломатија на форумот во Блед, Словенија порача дека нејзината лична цел е западно-балканските држави за две години да направат мерлив напредок кон ЕУ

Belgien EU und Ägypten wollen Zusammenarbeit ausbauen
Фотографија: Reuters/E. Vidal

„Работиме на перспективата за ЕУ на Западниот Балкан. Секој поединечен партнер во регионот има перспектива во ЕУ“, порача високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини од Форумот во словенечкиот Блед.

„Народите на Балканот се европски, тие сакаат и заслужуваат исти шанси, исти права и заштита како и сите други граѓани на нашиот континент. За мене е повеќе од јасно дека целиот Балкан треба да биде, и на крајот, ќе биде дел од ЕУ. Тоа е ветување што си го дадовме пред 13 години во Солун и обврска која беше потврдена годинава од Европскиот совет од сите 28 членки на ЕУ“.

Таа нагласи дека целиот регион мина низ „турбулентна година“ со повремени длабоки политички кризи во одредени региони, но без оглед на тоа, таа очекува дека за две години ќе биде остварен видлив напредок.

„Моја лична цел е до крајот на мандатот на актуелната Европска Комисија за две години, да видиме практичен, мерлив напредок на сите шест западнобалкански држави. Напредок кој ќе го направи неповратен нивниот пат кон ЕУ“.

Сите земји од Западниот Балкан, вели Могерини, ги надминаа тешкотиите и продолжуваат да напредуваат кон ЕУ. Тоа го сторија најмногу поради тоа што тоа од нив го бараат нивните граѓани, особено младите луѓе и бизнисмените.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми