1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Наука

По вестите од Модерна, СЗО повикува на внимателност

ДТЗ /ДВ
16 ноември 2020

Според истражувачите на СЗО, потребно е да се добие одговор колку време ќе штитат вакцините од коронавирус, до кој степен спречуваат тешки случаи на заболување и какво влијание имаат врз постарите лица.

Deutschland | Coronavirus | Impfstoff Schott
Фотографија: Schott

Вестите дека американската фармацевтска фирма „Модерна“ има развиено високо ефективна вакцина за Ковид-19 се „прилично охрабрувачки “, но потребни се повеќе податоци, вели главниот истражувач на Светска здравствена организација (СЗО), Сумја Сваминатан.

„Учесниците во испитувањето треба да се следат уште два месеци за можни несакани ефекти“, рече таа на прес-конференција во Женева. Според неа, остануваат уште многу прашања за производот на „Модерна“, како и за ривалскиот кандидат за вакцини „Фајзер“, којшто исто така се покажа дека е многу ефикасен во испитувањата. Таа укажува дека треба да се знае повеќе за тоа колку време заштитуваат овие вакцини од коронавирус, до кој степен спречуваат тешки случаи на Ковид-19 и какво влијание имаат врз постарите луѓе.

Разлики

Вакцината на „Модерна“ за Ковид-19 ќе биде лесна за дистрибуција, особено во руралните области, бидејќи може да се чува еден месец на стандардни температури во фрижидер, изјави директорот на американската програма за вакцинација Метју Хепберн. Коментарите на Хепберн следат по објавувањето на резултатите од клиничката студија во доцна фаза, која покажа дека експерименталната вакцина е ефикасна во спречувањето на Ковид-19 со 94,5 проценти.

„Модерна“ исто така најави дека нејзината вакцина се очекува да биде стабилна при стандардни температури во фрижидерот од 2 до 8 степени Целзиусови за 30 дена, во споредба со претходната проекција до седум дена. Вакцината на „Фајзер“, пак,  мора да се испрати и чува на ултра ладни температури или на сув мраз и може да трае до пет дена на стандардна температура во ладилникот.

Минатиот понеделник „Фајзер“ ги објави првичните податоци за својата вакцина изработена со германскиот партнер „Бионтек“, што исто така покажува дека е повеќе од 90 проценти поефикасна. И „Фајзер“ и „Модерна“ за вакцините користат нова технологија за активирање на имунолошкиот систем против вирусот.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми