1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Автомобили и мобилност

Можен ли е бесплатен градски превоз во Германија?

15 февруари 2018

Автобусите и трамваите ќе станат бесплатни во градовите? И тоа во земјата на љубителите на автомобили? Не е шега, туку еден несмасен обид на политиката да спречи забрана за возење на дизел-возила, смета Јенс Турау

Deutschland Symbolbild Öffentlicher Nahverkehr
Фотографија: picture alliance/Bildagentur-online/Schoening

Кој вели дека политичарите не се подготвени за големи реформи. Црно на бело се наведува во писмото кое министерката за животна средина Хендрикс, за земјоделство Шмит и шефот на кабинетот на канцеларката Алтмајер го испратија во Европската комисија дека: Германија размислува за воведување бесплатен јавен превоз. Барем во некои градови. И доколку ништо друго веќе не може да помогне, и нема подобрување на квалитетот на воздухот во некои германски градови.
Замислете си: едноставно влегувате во автобусите, трамваите, метрото, без да морате да платите. Нема дилема: тоа ќе натера многу граѓани да ги остават автомобилите, а воздухот ќе биде подобар- барем на долг рок. Каде во светот има такво нешто: само во Естонија, во Белгија и во делови од Русија. Но во Германија, во земјата на автопатите и брзите луксузни лимузини? Тоа ќе биде навистина нешто ново.

Јенс Турау

Сметката кај даночните обврзници

Здружението на германските превозници веќе предупреди дека во таков случај приливот на патници ќе биде енормно зголемен. А новите возови, зголемениот персонал и веројатно и изградбата на нови линии ќе чини милијарди евра. Пари кои ќе мора да ги платат даночните обврзници. Тоа го сфаќаат и тројцата министри. Но тие отворено им нудат на општините кои ќе престанат да наплаќаат за јавен превоз, да бидат поддржани од владата. Само за илустрација за каква сума се работи: во моментов сите германски градови имаат прилив од 12 милијарди евра годишно од продажба на карти за јавен превоз.
Изненадувачката иницијатива од Берлин најмногу ја покажува нервозата во одговорните министерства: со години многубројните дизел автомобили во германските градови придонесуваа за надминување на границите на загадување со отровни гасови. Следната недела Сојузниот Административен суд во Лајпциг  ќе одлучува дали градовите ќе смеат да забрануваат возење кога ќе се надминат границите на загаденост. И шансите за такво нешто не се воопшто мали. Но владата по секоја цена сака да избегне забрани за возење. Европската комисија веќе јасно сигнализираше дека досегашните мерки на владата во Берлин не придонеле за намалување на загадувањето.

#DE_facto: Колку ќе поевтинат германските дизели?

02:29

This browser does not support the video element.

Што ќе платат автоконцерните?

Секако дека бесплатниот јавен превоз не е лоша идеја. И кој би можел тоа да го стори, ако не Германците? Јавните транспортни системи се во многу добра состојба, особено во големите градови. Но бесплатно? Колку брзо ќе можат градовите да се прилагодат на напливот на патници? Ќе стане ли воздухот навистина подобар? И дали владата потоа конечно радикално ќе настапи против предизвикувачите- германските автопроизводители и нивните дизел возила? Досега никој не споменува такво нешто.
Мотото на автомобилското лоби порано гласеше: „Слободно возење за слободни граѓани!“ Со тоа се алудираше на фактот дека во Германија немаше ограничување на брзината на автопатиштата, ниту ограничување на силината на моторот. Слобода, тоа беше силниот притисок врз педалата за гас. А сега можеби ќе стане реалност и сонот на многу активисти за заштита на животната средина, пешаци и велосипедисти тоа речиси незабележано. Затоа што политиката премногу долго не сакаше да види колку отровни гасови се испуштаат во земјата на автомобилските возачи.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми