Можен терористички мотив во нападот во Утрехт
18 март 2019Холандската полицијата се сомнева дека е можен терористички мотив во денешниот напад во трамвај во градот Утрехт. Сомнежите се дека нападот го извел еден напаѓач, но не се исклучува можноста да биле вклучени и повеќе лица. Според очевидци на местото на настанот и информации во холандските медиуми, едно лице го загубило животот во нападот. Се појавија фотографии на кои се гледа едно безживотно тело покриено со бел чаршаф на местото каде се случи нападот. Повеќемина се повредени, но нема подетални информации за тежината на повредите. Градот го надлетуваат хеликоптери, а присутни се и припадници на специјални полициски сили.
Властите во меѓувреме го зголемија нивото на опасност од терористичка закана во регионот, а по напаѓачот се трага.
Владата формираше кризен штаб од кој се анализира ситуацијата. Холандската полиција нареди затворање на вратите на сите училишта во градот.