1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Виена: Може ли да се постигне историска согласност за името?

ЕМФ
30 март 2018

Австрискиот печат денеска информира за средбата на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција во Виена и шпекулира со најприфатливите предлози за решение на спорот за името.

Mazedonien Griechenland Nikos Kotzias bei Nikola Dimitrov in Skopje
Фотографија: AFP/Getty Images

За средбата во Виена на министрите Никола Димитров и Никос Коѕијас денеска пишуваат „Ди пресе“, „Винер цајтунг“, „Клајне цајтунг“, како и „vienna.at". Притоа сите ја пренесуваат опширната информација на австриската агенција АПА, од која „Клајне цајтунг“ го извлекува насловот „Може ли во Виена да се постигне историска согласност за името?“. Во информацијата, меѓу другото, се вели:

„Тоа што двајцата министри во Австрија дојдоа со релативно големи делегации новинари, според експертски кругови, се толкува како знак дека се смета со постигнување согласност. Тоа би бил историски настан, зашто грчко-македонскиот конфликт околу името постои веќе 27 години.“

Повеќе:

Оптимизам ќе го сече Гордиевиот јазол за името

Димитров-Коѕијас: „Филиграните“ бараат трпение и прецизност за името

Пардју: ова е најдобрата шанса за решавање на спорот за името

Освен тоа, АПА цитира и грчки медиуми, според кои „преговорите меѓу грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас и неговиот македонски колега Никола Димитров започнале уште вечеравечер“:

„Последно, на масата се најдоа пет предлози на Нимиц за 'Поранешната Југословенска Република Македонија' (ПЈРМ): 'Република Нова Македонија', 'Република Северна-Македонија', 'Република Горна-Македонија', 'Република Вардарска-Македонија' и 'Република Македонија (Скопје)'. Како најверојатни решенија во изминатите недели се искристализираа 'Република Горна-Македонија', односно 'Република Северна-Македонија'. Единствен став има во секој случај околу тоа дека идното име треба да содржи географска одредница“, се вели во информацијата на АПА, која денеска ја објавија повеќе австриски медиуми.

„Gornamakedonija" е неприфатливо име за Димитров

26:51

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми