1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Може ли да му се врати сјајот на Дојранското Езеро?

3 мај 2011

Дојранското Езеро, со врнежите изминатата есен, е на добар пат да ги врати своите води. Но за да си ја врати состојбата со која ќе биде еколошки избалансирано, неопходна му е помош од луѓето, велат македонските научници.

Фотографија: DW/Petr Stojanovski

Дојранското Езеро беше избалансирано високо продуктивно езеро, со богата флора и фауна и најбогато со риба во Југоисточна Европа. По екоцитот во 1988 година, беше доведено на работ на опстанок. Исчезнаа над сто видови алги, а на нивно место се создадоа други кои дотогаш не беа доминантни. Овие нови алги почнаа силно да се развиваат и да предизвикуваат таканаречено „цветање на водата“ која сега позеленува, поцрвенува, побелува, а што според научниците предизвика цел синџир на реакции во езерото. Тоа пак, придонесе за натрупување на мртва органска материја која предизвика биолошки разградувања и го потроши кислородот од водата. Тоа предизвика масовно изумирање на школките во езерото. Со изградба на системот Ѓавато, а посебно со врнежите во последните две до три години, донекаде се вратија неговите води, но тоа не значи дека во езерото се врати некогашната флора и фауна. Воспоставувањето на еколошкиот баланс е далеку потежок и подолготраен процес.

Автор: Антоанела Димитриевска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми