Може ли иРНК-технологијата да ја револуционира медицината?
Фабијан Шмит
2 август 2021
Медицината веќе долго време ја истражува информациската РНК. Но, дури со вакцините-против Ковид-19 технологијата направи пробив. Прашања и одговори за вакцините, кои би можеле да направат пресврт во светот на медицината.
Реклама
Вакцина против маларија всушност постои, но таа е далеку од сигурно средство: одамна постои препарат кој делува во околу една третина од случаите, а оваа година беше лансирана вакцината Р21 / Матрикс-М, за која создавачите веруваат дека би можела да биде ефикасна во 75% од случаите. Но, дали може да биде подобро од тоа?
Основачот на Бионтек, Угур Шахин, кој е заслужен за првата вакцина против Ковид-19, верува дека може. Како што неодамна објави во Франкфурт, тие сега ќе се занимаваат со вакцината против маларија и се планира клиничкото испитување да започне веќе на крајот на следната година.
И во овој случај, тие се потпираат на технологијата на информациската РНК (иРНК или mRNA), генетски „курир“ на рибонуклеинска киселина, со кој беше создадена вакцината на компанијата против коронавирусот. Но, од каде потекнува таа технологија и колку напредувале истражувањата? Еве некои од најважните прашања и одговори.
Вакцини- адути на човештвото против Ковид-19
Глобалната кампања за вакцинација против Ковид-19 зема сѐ поголем замав. Во различни земји, создадени се или на повидок се вакцини, кои сега се главно оружје на човештвото во справувањето со пандемијата.
Фотографија: Francis Dean/Dean Pictures/imago images
Бионтек/Фајзер: почеток на иРНК-револуцијата
Првата вакцина против Ковид-19, одобрена за употреба во САД и во ЕУ, беше вакцината на германските научници со турски корени Угур Шахин и неговата сопруга Озлем Туречи. Нивната фирма Бионтек од Мајнц влезе во сојуз со американскиот гигант Фајзер. Медиумите почнаа да зборуваат за „револуција“ во фармацевтската индустрија, откако е создадена првата иРНК вакцина.
Фотографија: Francis Dean/Dean Pictures/imago images
Модерна: родум од универзитетот Харвард
Американската компанија за биотехнологија Модерна е специјализирана и за РНК технологии, кои се сметаат за нов чекор во медицината. Нејзиното седиште се наоѓа во Кембриџ, Масачусетс, во близина на универзитетот Харвард, чии научници ја основаа компанијата во 2010 година. Вакцината на Модерна, создадена со финансиска поддршка од властите, беше втората корона-вакцина регистрирана во САД и во ЕУ.
Фотографија: Matthew Healey/AFP/Getty Images
АстраЗенека: „Оксфордската вакцина“
Научниците од Универзитетот Оксфорд во соработка со британско-шведската компанија АстраЗенека вршеа клинички испитувања и производство на нивната вакцина. Таа во голема мерка се користи во Велика Британија, ги исполнува условите во ЕУ и активно се користи во земјите во развој, бидејќи „вакцината од Оксфорд“ има многу ниска цена. Така, таа се произведува во Индија за локалниот пазар и за извоз.
Фотографија: Channi Anand/AP/picture alliance
Спутник V: првата одобрена вакцина во светот
Во август 2020, Русија објави дека прва во светот регистрирала вакцина против коронавирусот наречена Спутник V. Масовната вакцинација на руското население официјално започна во јануари 2021. Оваа векторска вакцина, изработена од научниците од Московскиот центар Гамалеја, се промовира на странските пазари од страна на Рускиот фонд за директни инвестиции.
Фотографија: Aizar Raldes/AFP/Getty Images
Џонсон и Џонсон: доволна е една доза
Американска корпорација Џонсон и Џонсон е еден од шесте производители на корона-вакцини со кои ЕУ склучи прелиминарни договори за снабдување. Од нејзината векторска вакцина потребна е само една доза, а не две како останатите и се чува во конвенционални фрижидери. За ЕУ оваа вакцина, која доби дозвола за употреба на 11.03. ќе ја произведува белгиската сестринска фирма на Џонсон и Џонсон - Јансен.
Фотографија: Johnson/AP/picture alliance
Синовак: тивкиот конкурент од Кина
Без многу врева и детални извештаи за клиничките испитувања, Кина разви најмалку три вакцини. Една од нив, создадена од деактивиран коронавирус, Синовак Биотек ја тестираше во неколку азиски земји, вклучувајќи ја и Индонезија, која потоа веднаш ја нарача. Да им даде пример на своите сонародници, претседателот на Индонезија, Џоко Видодо, прв се вакцинираше.
Фотографија: Laily Rachev/Biro Pers Sekretariat Presiden
Синофарм: Првата кинеска вакцина
Станува за вакцина со „деактивиран“ вирус која државната компанија ја разви во соработка со Институтот за вирологија од Вухан. Овој вид на вакцини се користи веќе со децении, со добри резултати во пракса. Вакцината која веќе се користи во Србија и во Унгарија, беше првата која доби одобрение за употреба од кинеските власти.
Американската фармацевтска компанија Новавакс објави дека нејзината вакцина е 96 процентно ефикасна против оригиналниот вирус и 86 проценти против британскиот сој. Тоа произлегува од студијата што Новавакс ја спроведуваше во Велика Британија. Вакцината може да биде одобрена за употреба во САД уште во мај, доколку властите утврдат дека податоците од Велика Британија се доволни, соопшти компанијата.
Фотографија: Justin Tallis/AFP/ Getty Images
КјурВак: Печатач за вакцини на Тесла
Втората германска иРНК вакцина, која се очекува да биде регистрирана до лето, ќе биде произведена и извезена на глобално ниво од компанијата КјурВак од Тибинген, во партнерство со концернот Баер. Но, ќе биде можно таа да се направи директно во клиниките ширум светот. Елон Маск (втор од лево) демонстрираше мобилен печатач на вакцини создаден од германската сестринска фирма Тесла Громан.
Фотографија: picture-alliance/dpa/T. Schwarz
Санофи: два неуспеха и помош за Европска унија
Француската компанија Санофи е еден од најголемите светски производители на вакцини. Но, овојпат тоа не и' успеа - двапати: ни заедничкиот развој со британската ГлаксоСмитКлајн, ниту обидот за создавање иРНК вакцина досега не дадоа резултати. За да помогне во обезбедувањето на вакцини за земјите од ЕУ, нејзината фабрика во Франкфурт на Мајна ќе произведе 125 милиони дози од вакцината на Фајзер.
Фотографија: C. Stoll/Sanofi
10 фотографии1 | 10
Како функционира иРНК?
Задачата на рибонуклеинската киселина (РНК) е да создаде протеински молекули врз основа на информации од нашиот генетски материјал, „двојната спирала“ на дезоксирибонуклеинската киселина (ДНК). Тоа го прави во „фабрика“ на клетки, рибозоми.
Ова го користи во медицината: при вакцинацијата вештачки создадената РНК на рибозомите им доставува „градежен план“ за производство на антитела кои ќе дејствуваат против делови од патогенот-„натрапник“, на пример, бодликавиот протеин на коронавирусот. Лекот тогаш всушност го создава нашето тело бидејќи нашиот имунолошки систем реагира на тие делови на предизвикувачот на болеста.
Иако веќе имаше написи во медиумите дека сме на чекор да откриеме лек за ракот со оваа нова технологија, сепак има многу проблеми. Најголемата работа е дека ракот не е последица на некој „натрапник“ - туку станува збор за „подивени“ сопствени клетк на нашиот организам. Сѐ уште се прават обиди да се открие оној дел, кој е специфичен само за клетките на ракот, но не и за нашите здрави клетки, и на кое нашиот природен одбранбен систем би можел да биде насочен со методот на иРНК. И кај другите истражувања, како што е маларијата, исто така имаат проблеми што сè уште не се решени.
„Вакцината е единствено решение за излез од Ковид-кризата“
15:47
Што ги разликува иРНК од другите вакцини?
Вообичаено е со вакцинацијата во телото да се внесуваат ослабени живи или мртви патогени со цел тоа да „научи“ да се бори против него. Кај иРНК вакцините не се прави тоа, туку сѐ всушност се создава во нашите клетки.
Ова, всушност, го олеснува создавањето на вакцини и нивно прилагодување на други патогени, бидејќи треба да се прилагода само одредени платформи на вакцини, значи во веќе испробана постапка.
Колку е нова идејата за информациска РНК?
Идејата, всушност, воопшто не е нова: уште во 1961 година, биолозите Сиднеј Бренер, Франсоа Жакоб и Метју Меселсон откриле дека РНК пренесува наследни информации што можат да се користат за синтеза на протеини во нашите клетки. Тоа беше теоријата, а тоа му успеа дури на вирологот Роберт Мелоун во 1989 година.
Првите обиди за создавање на вакцини со оваа технологија беа во 1993 и во 1994 година, но само кај глувци. Се бараше вакцина против вирусот Семикли-Валд, кој беше локализиран дури во 1942 година во Уганда и кој напаѓа само глодари.
Но, од самиот почеток се разгледуваа можните придобивки за здравјето на луѓето и особено за борбата против ракот. Првите клинички испитувања со препарати врз база на иРНК беа во 2002 и во 2003 година и беа насочени против клетките на ракот. Ова всушност остана главната област на истражување на оваа технологија.
Против што би требало да се користи технологијата иРНК?
Постојат цела низа патогени кај кои со овој метод се сака да се постигне успех. Во прв ред станува збор за вируси, како што се ХИВ, беснило, Зика, Чикунгуња и Денга , но и „обичниот“ грип. Истражувачите имаат големи надежи дека брзо можат да се постигнат добри резултатио, како што се случи во борбата против Ковид-19.
Освен тоа, борбата против ракот е едно од најстарите и најнапредните полиња на истражувањата со иРНК .
Само во јуни, Бионтек започна студија за втора фаза во борбата против многу смртоносниот карцином на кожа.
Се разбира, искуството со коронавирусот не може едноставно да се пренесе на клетките на ракот. Тие се многу поголеми од вирусите. Реакцијата на имунолошкиот систем е многу различна.
#dw_BalkanBooster: Да се вакцинирам или не, прашање е сега!
02:00
This browser does not support the video element.
Веројатно клучот за успех кај карциномот и маларијата лежи во идентификување на протеините кои се од клучно значење за функционирањето на патогенот за кој станува збор, и кои сепак предизвикуваат многу силен имунолошки одговор во организмот. И во двата случаи, сопствениот имунолошки систем на организмот мора да ги убие клетките што предизвикуваат болести без да им наштети на здравите клетки или на човечкиот организам.
Дали иРНК-технологијата ќе ја револуционира медицината?
Експертите се многу внимателни по ова прашање: се разбира, постои голема надеж во иРНК технологијата, но лекарите би биле среќни кога би била пронајдена поефикасна вакцина против грип - поточно, која би дејствувала против повеќе видови на вирусот на грип, наместо „коктелите“ кои што се користат денес: во кои има најмногу четири или пет видови на вирусот, кои се сметаат за најраспространети таа година.
Светските лидери ги засукаа ракавите - која вакцина ја одбраа
Германската канцеларка Ангела Меркел се приклучи на растечката листа на светски лидери кои се вакцинираа против Ковид-19, таа прими АстраЗенека. Преглед на дел од државниците кои веќе се вакцинираа.
Фотографија: Frank Augstein/AP Photo/picture alliance
Џо Бајден
Американскиот претседател Џо Бајден во јануари ја прими втората доза вакцина од Бионтек/Фајзер. До средината на април, според податоците на Американските центри за контрола и превенција од заразни болести, во САД најмалку 120 милиони граѓани примиле прва доза вакцина, а преку 70 милиони се целосно имунизирани.
Фотографија: Tom Brenner/REUTERS
Бенјамин Нетанјаху
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху исто така прими вакцина од Бионтек/Фајзер. Израел има на располагање милиони вакцини преку договор со Фајзер, кој предвидува давање медицински податоци на фармацевтскиот концерн за возврат. До средината на април, 53% од 9 милиони жители на Израел се имунизирани со вакцината на Бионтек/Фајзер. Израел главно ги укина рестрикциите воведени поради пандемијата.
Фотографија: Amir Cohen/REUTERS
Нарендра Моди
Индискиот премиер Нарендра Моди на 1 март бил имунизиран со вакцината Коваксин, произведена во Индија. Во земјата први на ред за вакцинација се вработените во здравството, на првата линија во борба против Ковид-19 и хронично болните. Индија во моментов е втора во светот според бројот на случаи на заболени од Ковид-19, по најновиот пораст на нови инфекции.
Британскиот премиер Борис Џонсон ја прими првата доза од вакцината на АстраЗенека во март. Таа е развиена во соработка со Универзитетот Оксфорд и во моментов е во фокусот поради низа контроверзи. Неколку земји ја прекинаа нејзината употреба поради случаи на згрутчување на крвта кај вакцинирани со оваа вакцина.
Фотографија: Frank Augstein/AP Photo/picture alliance
Жан Кастекс
Францускиот премиер Жан Кастекс беше вакциниран со АстраЗенека во истиот ден со британскиот колега Борис Џонсон. Тој тоа го направи пред телевизиските камери, со цел да ја врати довербата во оваа вакцина кај граѓаните.
Фотографија: Thomas Coex/AP Photo/picture alliance
Скот Морисон
На австралискиот премиер Скот Морисон му беше инјектирана вакцината на Бионтек/Фајзер. Тој тврдеше овој месец дека Австралија во вакцинацијата ги надминала Германија, Нов Зеланд, Јужна Кореја и Јапонија. Но, сепак тој се откажа од својата цел – сите Австралијци да бидат целосно имунизирани до крајот на оваа година.
Фотографија: Mark Evans/Getty Images
Реџеп Таип Ердоган
Турскиот премиер Ердоган пред камерите се вакцинираше со кинеската вакцина Синовак во јануари. Целта на јавното вакцинирање беше да ги мотивира граѓаните да се имунизираат. Во Турција досега се дадени околу 19 милиони дози вакцини, главно Синовак, додека вакцинирањето со Бионтек/Фајзер почна на 2 април.
Фотографија: Murat Cetinmuhurdar/Presidential Press Office/REUTERS
Јок Видодо
Индонезискиот претседател Јоко Видодо ја прими вакцината Синовак. Втората доза му беше дадена на 27 јануари, настанот беше пренесуван во живо на телевизијата. Владата планира со вакцинација на 181 милион жители да заврши во следната година.
Но, секако дека нема таков лекар - а уште повеќе пациент кој не сонува дека ќе се открие средство кое целно ќе ги нападне и уништи патолошките клетки во карциномот. Тоа, тогаш навистина би била револуција во секој поглед - дури и финансиски, бидејќи би било далеку подобро и поуспешно од хемотерапијата или зрачењето. Милиони евра беа потрошени за ова истражување долго пред да се појави коронавирусот, но сѐ уште нема вистински резултат.