1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

ОН: Истрага за можни воени злосторства во Украина

СН/агенции
13 мај 2022

Украина го најави првото судење за воени злосторства против руски војник. Советот за човекови права на ОН во Женева со големо мнозинство гласаше за отворање на истрага за можни руски злосторства во Украина.

Ukraine Krieg mögliche Kriegsverbrechen in Butscha
Фотографија: Carol Guzy/ZUMA PRESS/dpa/picture alliance

Украинското правосудство го најави првиот судски процес за воени злосторства против припадник на руската армија. 21-годишниот Русин е обвинет дека  од украден автомобил смртно застрелал еден украински цивил, соопшти кабинетот на главната јавна обвинителка на Украина, Ирина Венедиктова. 
Јавното обвинителство во Киев објави заматена фотографија од обвинетиот руски војник Вадим Шишимарин, но не беше наведен датум за почетокот на судењето. Според информациите, 21-годишниот сакал да побегне со четворица другари во украден автомобил по нападот врз нивниот конвој во северна Украина на 28 февруари.
Жртвата, 62-годишен невооружен цивил,  возел велосипедот недалеку од неговиот дом во селото Чупахивка. Според обвинителството, рускиот војник го застрелал човекот по наредба на еден од неговите другари бидејќи бил сведок на кражбата на автомобилот.

Буча: Сè повеќе докази за злосторства врз цивилите

01:44

This browser does not support the video element.

Повеќе: Интернет-детективи трагаат по вистината за војната во Украина
Шишимарин се соочува со доживотна казна затвор за воени злосторства и убиства. Украинското државно обвинителство не даде никакви информации за околностите на неговото заробување, ниту за судбината на другите четворица руски војници.

Можните руски воени злосторства во Украина беа тема и на вчерашната специјална седница на Советот за човекови права на ОН во Женева. Притоа Советот  усвои резолуција со која се наредува отворање истрага за можни воени злосторства извршени од руски војници во регионот на Киев и во други украински области, кои привремено беа под контрола на руските војници. 

Фотографија: John Minchillo/AP/dpa/picture alliance

Заменичката на министерот за надворешни работи на Украина, Емина Јапарова на седницата рече дека „најстрашните прекршувања на човековите права на европскиот континент во изминатите децении биле извршени во областите кои биле под руска окупација на крајот на февруари и во март“. 

Русија неодамна беше исклучена од Советот, но сепак може да присуствува на неговите седници како набљудувач, но одлучи да не учествува на вчерашнатаа седница во знак на протест против резолуцијата, за која тврди дека е политички реваншизам. 

Инаку против резолуцијата гласаа претставниците на Кина и на Еритреја. 

На истата седница, високиот комесар на ОН за човекови права Мишел Бачелет изјави дека има многу примери за можни воени злосторства од почетокот на руската агресија, наведувајќи дека во регионот на Киев биле откриени 1.000 тела.

„Размерите на незаконските убиства, вклучително и сомнежите за произволни егзекуции во областите северно од Киев, се шокантни“, рече Бачелет.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми