1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Можни сценарија за иднината на Косово

16 ноември 2007

„Бело, црно, зелено„. Ова не е предлог за тоа како да изгледа идното национално знаме на Косово. Тоа се ознаките за три сценарија како натаму со покраината на Балкан.

Дипломатската вештина и односите Вашингтон Москва од решавачко значење за иднината на КосовоФотографија: AP

Имено, на тој ден шефот на косовската тројка треба да му го предаде извештајот на Генералниот секретар на Обедиентите нации.

Како натаму со Косово? Германски експерти за Југоисточна Европа неколку недели пред 10-ти декември размислуваа на таа тема и тоа изгледа вака:

Сценарио прво – бело:

Волфганг Ишингер во неговиот извештај до Генералниот секретар само констатира дека нема согласност меѓу Белград и Приштина. Поради тоа, Косово додуша би се прогласило за независно, но би оставило време во кое за тоа би гласал народот. Во тоа време, Белград и Москва сфаќаат дека е бесцелен секој отпор и ги оставаат на мира косовските Албанци – што е многу неверојатно. Душан Рељиќ од Фондацијата за наука и политика во Берлин тоа го означува како „теоретска варијанта„ зашто Србите и Русите нема да учествуваат во тоа. Значи:

Сценарио второ – црно:

Ишингер предлага Советот за безбедност повторно да се занимава со ова прашање. Тоа во регионот повторно би се оценило како немоќ: косовските Албанци прогласуваат самостојност, но Србите на север од покраината не учествуваат. Доаѓа до поделба, целиот регион одново се наоѓа во хаос. Оваа опасност е многу реална, смета Душан Рељиќ:

„Ова сценарио е реално. Ако дојде до прогласување независност, тогаш Србите на север од Косово ќе речат дека не се засегнати од тоа бидејќи за нив важи меѓународното право, односно резолуцијата 1244. Во такво сценарио веројатно би дошло до ескалација на насилството, до судири, можеби до терористички напади. Во секој случај, ќе настане состојба на несигурност и целиот регион би бил жестоко уназаден„.

Рељиќ како единствено разумно го смета:

Сценарио три – зелено:

Ишингер му предлага на Генералниот секретар еден вид државен сојуз или конфедерација. Што подразбира дека косовските Албанци би биле речиси самостојни, добиваат сопствен устав, сопствена армија и сопствена валута. Значи се што подразбира една држава. Меѓутоа, формално Србија и Косово се поврзани што би му било доволно на Белград. Всушност, ова решение би било признавање на поделбата што постои од крајот на косовската војна во 1999 година, смета Рељиќ:

„Дали таа поделба ќе биде изразена во конфедерација или во форма на специјален договор каков што постои меѓу Хонгконг и Кина, тоа е отворено прашање. Тоа е и прашање на дипломатска вештина и на состојбите во односите меѓу Вашингтон и Москва. Другата алтернатива – неограничена независност на Косово, без да се земат предвид другите држави во регионот, води во катастрофа. Затоа би било разумно, тоа го бара разумноста, да се најде специјална форма„.

Хонгконшкото решение за Белград е прифатливо, барем така покажаа досегашните преговори. Само што косовските Албанци уште се колебаат.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми