1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Можно е Германија да избегне втор корона - бран

ЖА /ДВ
29 мај 2020

Со подобрено познавање на коронавирусот, може теоретски да се избегне повторен бран на инфекции, смета вирологот Кристијан Дростен. Хендрик Штрек пак предупредува од преголема надеж за добивање вакцина против Ковид-19.

Deutschland Köln | Coronavirus | Markt
Фотографија: picture-alliance/dpa/F. Gambarini

Вирологот од Универзитетската клиника Шарите во Берлин, Кристијан Дростен, ги охрабрува Германците дека опасниот вирус може да се држи во „шах“. Постои теоретска можност, Германија да биде поштедена од втор масивен корона-бран, изјави Дростен за магазинот „Шпигел". Сега постојат подобри сознанија за коронавирусот и за начините на негово ширење.

Вирологот Кристијан Дростен ја истакнува важноста од навремено откривање нови жаришта на вирусотФотографија: picture-alliance/dpa/C. Gateau

Тоа се случува главно преку тн. Superspreader, инфицирани коикако преносители  се одговорни за голем број новозаразени. Појавата на вакво масовно ширење на вирусот може да биде подобро контролирана.

Но, Дростен истовремено предупредува дека и натаму од  исклучителна важност останува навремено откривање на евентуални жаришта на зараза и нивно контролирање преку ставање на контакт-лицата на инфицираните во карантин, без притоа да се врши нивно тестирање преку долг процес. Но, затоа пак е можно значително временско скратување на изолацијата. 

Повеќе:

Напната и неизвесна трка по вакцина против коронавирус

Студија: Хлорокин не делува против Ковид-19

Kако и кога завршува една пандемија?

Во иднина лицата кои имале контакт со заразен од Ковид-19, треба да поминат во карантин само една недела, зашто периодот на инкубација и времето во кое заболениот може да ја пренесува заразата, е доста пократко во однос на она што претходно се претпоставуваше, истакнува Дростен.

Штрек: Потрагата по вакцина може да биде безуспешна

И вирологот Хендрик Штрек од Бон не верува дека Германија ја очекува  втор масивен бран на коронавирус. Тој претпоставува дека ќе се појавуваат постојано локални жаришта, на пример наесен.

Професор Хендрик Штрек: Можно е никогаш да не добиеме вакцина против коронавирусФотографија: picture-alliance/dpa/F. Gambarini

Но, Штрек смета дека нема да дојде до епидемија од толкави размери, што би го преоптоварила здравствениот систем на земјата. Во интервју за весниците на Редакциската мрежа на Германија, РНД, Штрек подвлекува – во основа, постојат добри шанси вирусот да биде под контрола. Како  клучен фактор за сузбивање на коронавирусот тој ја гледа натамошната забрана за одржување масовни манифестации. 

За главно оружје против коронавирусот се смета вакцина, на чие изнаоѓање во цел свет се работи со полна пареа. Некои од потенцијалните средства за имунизација веќе се наоѓаат во фаза на клинички тестови, но според вирологот Штрек, не може да се смета со вакцина до крајот на оваа година. Против ХИВ беа конструирани преку 500 вакцини, но ниедна не функционираше, потсетува Штрек, укажувајќи и на можноста – воопшто да не биде пронајдена вакцина против Ковид-19.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми