1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Молдавија: протести против новиот „про-руски“ претседател

БГ
14 ноември 2016

Игор Додон е нов претседател на Молдавија. На изборите одржани викендов, политичарот кој важи за наклонет кон Русија убедливо ја совлада својата „про-европска“ ривалка

Moldawien Präsidentschaftswahl Igor Dodon
Фотографија: Reuters/G. Garanich

Проруски политичар однесе убедлива победа на претседателските избори за кои многу Молдавци се надеваат дека ќе придонесат кон подобрување на односите со Москва.

Игор Додон освои 52,3 проценти од гласовите на изборите пред Маја Санду која ја доби довербата на 47,7 отсто од граѓаните.

Во полу-автономниот регион Гагаузија, со мнозинско руско етничко население, победата на Додон се прославуваше со огномет до раните утрински часови.

Лидерот на Социјалистичката партија, Додон вети дека ќе биде претседател на сите граѓани и најави дека ќе гради добри односи со соседите, Романија и Украина.

Протести против новоизбраниот претседател во Молдавија

01:14

This browser does not support the video element.

Тој сака да ги подобри и односите со Русија која стави трговско ембарго на молдавското вино, овошје и зеленчук во 2014 година, откако Молдавија потпиша договор за приближување кон ЕУ.

„Новиот претседател ќе продолжи да води активна про-руска политика“, вели Николае Реутој, аналитичар во Алако, консултантска компанија со седиште во Лондон. „Но, во пракса, ќе мора да работи во тандем со владејачката коалиција која се прогласи за про-европска“. 

Протести во Кишињев

Друг аналитичар го нарекува Додон „авторитарен популист“.

„Тој им вети сѐ на сите“, вели Ден Брет, познавач на состојбите во Молдавија и професор на Отворениот Универзитет. Тој проценува дека иако функцијата претседател носи мала моќ, Додон би можел да се обиде да ја консолидира својата власт околу себе.

Противкандидатката на Додон, Маја Санду денеска изјави дека не ги признава резултатите од изборите. „Изборите не беа слободни и демократски“, изјави таа на прес-конференција.

Протести во Кишињев, 14.11.2016Фотографија: DW/ Y. Semenowa

„Се соочивме со лаги и манипулации, користење на валкани пари, административни ресурси и медиумите против нас“. Околу 1,000 луѓе се собраа денеска на централниот плоштад во главниот Кишињев на протести против изборниот резултат. Тие сметаат дека изборите биле наместени и ги обвинија министерот за надворешни работи и изборната комисија дека не успеале да им обезбедат на Молдавците во странство услови за гласање.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми