Молитва за Мандела
10 јуни 2013По три дена минати на интензивна нега, здравствената состојба на носителот на Нобеловата награда за мир Нелсон Мандела и натаму е „непроменето сериозна“, се вели во владино соопштение. Шефот на државата Јакоб Зума ги повика луѓето повторно да се молат за Мандела.
Ова е четврти пат, по декември минатата година, Мандела да подлежи на медицински третман поради инфекција на белите дробови. Во саботата утрото неговата сопруга го однесе во една болница во Преторија. Мандела засега смеат да го посетуваат само најблиските роднини и пријатели.
Пред болницата се собрани национални и новинари од странство. Мандела имено во целиот свет се смета за икона на мирот. Особено Јужноафриканците го почитуваат нивниот „Мадиба“, како што е името не неговиот клан.
За време на апартхеjдот борецот за слобода Мандела 27 години мина во затвор. Во 1994 година Мандела стана првиот претсетател со темна боја на кожата на Јужноафриканската Република. Од туберкулозата, од која заболе додека ја одлежуваше затворската казна, никогаш не оздраве.