1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Камења и шок-бомби на протестите за „Монструм“

ДТЗ
26 февруари 2021

Протестот се одржа во тензична атмосфера, која на моменти се закануваше да ескалира. На повреди се жалеа и новинари, но и припадници на полицијата. 

Nord-Mazedonien Skopje Proteste wegen Fall "Monstrum"
Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Во тензична атмосфера, која на моменти се закануваше дека може да ексалира, се одржа денешниот протест организиран по пресудите коишто беа изречени неодамна за случајот „Монструм“. На напади и повреди се жалеа и новинарски екипи, но и припадници на полицијата. Неофицијално, со полесни повреди се здобиле седуммина припадници на полицијата. 

Неофицијално со полесни повреди се здобиле седуммина припадници на полицијатаФотографија: Petr Stojanovski/DW

Протестот на роднините и поддржувачите на осудените за петкратното убиство кај Смилковско езеро започна од паркот во Чаир и Бит пазар во Скопје. Демонстрантите најавуваа дека ќе маршираат до Основниот кривичен суд, од таму до Собранието и пред Владата планираа да го искажат своето незадоволство од трите доживотни затворски казни коишто ги изрече кривичниот суд во Скопје, но кордон на полицијата го затвори булеварот кај „26 јули“ и „Мавровка“. Тука и започнаа немирите, кога демонстрантите бурно реагираа извикувајќи „Диктатура“ и бараа да им биде одлободен патот за да продолжат кон судот. Притоа се случија неколку инциденти кога дел од демонстрантите се обидоа да се доближат до полицискиот кордон, но беа спречени. 

-повеќе на темата:„Монструм“: И на повтореното судење три доживотни казни за петкратното убиство

Дел од демонстрантите носеа албански знамиња и извикуваа „Голема Албанија“. Лица со фантомки фрлаа со камења кон полицијата, која употреби шок-бомби за да ја сузбие толпата. На улиците беше забележливо присуството на специјалните полициски единици, како и на оклопни возила. Полицијата успеа да ги потисне демонстрантите од ТЦ Мавровка кон Бит Пазар, откако собирот стана тензичен. Повредени има од двете страни. Во смирувањето на ситуацијата се вклучија пратениците Скендер Реџепи од Алтернатива и Елми Азири од Алијанса. 

На улиците беше забележливо присуството на специјалните полициски единици, како и на оклопни возилаФотографија: Petr Stojanovski/DW

Протестите ги најавија роднините на првостепено осудените во случајот, кои се жалат дека тие се невини и осудени без докази. Со првостепената пресуда која Основниот кривичен суд во Скопје ја изрече на 23 февруари, на доживотен затвор за тероризам беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири на 9, а Фејзи Азири на 15 години за помагање. Сами Љута доби ослободителна пресуда, откако Обвинителството се откажа од негово гонење поради немање докази за вмешаност во петкратното убиство.

-повеќе на темата: Протест за „Монструм“: скандирања, скршени прозорци, навреди за Фатиме Фетаи

На минатиот протест, кој беше организиран откако Обвинителството побара највисоки казни за тогаш обвинетите, дел од демонстрантите фрлаа камења и шишиња кон полициските специјалци кои го обезбедуваа протестот. По протестот беа оштетени неколку јавни објекти, за што полицијата уапси неколкумина од демонстрантите.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми