1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Москва бара „деескалација“

АТ/ дпа/ миа3 април 2014

Русија очекува одговор од НАТО за најавеното присуството на дополнителен контингент на Алијансата во источноевропските држави. Руското воено присуство на границата со Украина, според Лавров, e веќе намалено.

Фотографија: Reuters

Русија, во конфликтот околу Украина, побара од НАТО објаснување за најавеното дополнително воено присуство на територија на источноевропските земји. Москва очекува „не обичен одговор, туку одговор кој во полна мера ќе се заснова на уважување на меѓусебоно усогласените правила“, изјави министерот за надворешни работи Сергеј Лавров. Министерот, според агенцијата Интерфакс, го потсетил западниот воен сојуз на спогодбата, според која НАТО не смее долгорочно да ги зајакнува трупите во источноевропските земји.

„Што се однесува до плановите за јакнење на военото присуство на силите на НАТО на територијата на источноевропските држави членки на Алијансата, ние, несомнено, поаѓаме од тоа дека во односите Русија-НАТО исто така постојат одредени правила, вклучувајќи ја Римската декларација и темелниот акт на Советот Русија-НАТО во согласност со кој не треба да постои постојано воено дополнително присуство на територијата на источноевропските држави“, изјави Лавров.

По анексијата на Крим од страна на Русија, Лавров го обвини Западот за непотребна ескалација на состојбата. Некои со своите изјави во меѓувреме се оддалечиле од реалноста и ги напуштиле „рамките на разумот“, смета Лавров.

Во однос на концентрацијата на руски трупи на границата со Украина, која е критикувана од Западот, Лавров изјави дека Москва на својата сопствена територија се однесува според своите закони. Шефот на руската дипломатија дополни дека во последниот телефонски разговор рускиот претседател Владимир Путин ја информирал германската канцеларка Ангела Меркел дека еден баталјон од Ростовската област се вратил во својата постојана база, по учествувото на вежбите, а тоа ќе го сторат и другите учесници во маневрите. Рускиот министер исто така повика на ублажување на реториката по повод воените вежби кои Русија ги одржува во Ростовската област.

Русија досега повеќе пати ги отфрли обвинувањата на Западот дека планирала да интервенира во Украина.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми