1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Москва возвраќа со исфрлање 35 американски дипломати

БГ
30 декември 2016

Руското министерство за надворешни работи експресно реагираше по новите санкции од САД со најава за исфрлање на 35 американски дипломати од земјата. Се чека одобрување од Путин

Russland Sergei Lawrow in Moskau
Фотографија: Getty Images/AFP/N. Kolesnikova

Руското МНР му предложи на претседателот на државата Владимир Путин да одобри прогласување на 35 американски дипломати за „персона нон грата“ во директен одговор на новите санкции кои синоќа ги воведе Вашингтон.

„Руското министерство за надворешни работи побара од рускиот претседател да одобри прогласување за персона нон грата на 31 вработен во американската амбасада во Москва и четворица дипломати од американскиот конзулат во Санкт Петербург“, изјави шефот на дипломатијата Сергеј Лавров.

Руското МНР ќе бара и забрана за американските дипломати да користат вила на периферијата на западна Москва како и едно складиште на северот на градот, дополни Лавров, откако американскиот претседател Барак Обама нареди затворање на два објекти кои Русија го користеше на територија на САД.

Лавров рече дека двете руски куќи во Њујорк и Мериленд биле користени за детски одмор и ги отфрли тврдењата од САД дека биле „шпионски гнезда“ како смешни.

„Ние не можеме да останеме без одговор на овие потези. Реципроцитетот е закон во дипломатијата и во меѓународните односи“, рече Лавров кој се надева дека Путин брзо ќе ги прифати предлозите.

Во четвртокот, Обама најави дека донел одлука за дополнителни санкции против Русија, две нејзини безбедносни служби, како и против повеќе компании, како и протерување на 35 руски дипломати.

Мерките се сметаат за казна за наводното руско хакирање на компјутерскиот систем на Демократската партија со цел да му се помогне на Доналд Трамп да победи на претседателските избори во САД.

Вашингтон се сомнева дека руската влада била директно одговорна за упадот и кражбата на податоците.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми