Руските власти на американскиот сервис за кратки пораки Твитер му одредија рок за бришење на содржините, кои тие ги опишуваат како „незаконски“. Ако не го исполни ова за еден месец следува блокада.
Реклама
Русија ќе го блокира Твитер за еден месец ако не ги отстрани забранетите содржини, соопшти денеска заменикот шеф на Роскомнадзор, Вадим Суботин. Рускиот државен регулатор за медиуми Роскомнадзор минатата недела ја успори брзината на испраќање фотографии и видео записи на Твитер, обвинувајќи ја оваа социјална мрежа дека не ги отстранила содржините кои поттикнуваат самоубиство на деца и информациите за дрога и детска порнографија.
Според соопштението на Роскомнадзор, Твитер не отстранил над 3.000 постови со забранета содржина, вклучувајќи повеќе од 2.500 кои поттикнуваат на самоубиство меѓу малолетниците.
Незаборавни моменти од историјата на Твитер
На 21 март 2016, Твитер наполни 10 години. Од политика до забава, овие твитови беа спонтани реакции на светските настани опишани во карактеристичните 140 знаци.
Ко-основачот и директор на Твитер, Џек Дорси или едноставно @jack, го постираше првиот твит воопшто на 21 март, 2006 кој гласеше: "„само го поставувам твитер“, „just setting up my twttr." Многу други корисници на платформата за микроблогинг ги започнаа своите приказни со слична порака, но овој доби десетици илјади ретвитови.
Фотографија: Twitter/jack
'Најдобрата фотографија воопшто'
Американската ТВ водителка Елен Деџенерис го постираше ова селфи од доделувањето на Оскарите во 2014, кое го нарече „најдобрата фотографија воопшто“, и неверојатен број луѓе се согласија. Твитот со фотографијата на некои од најпознатите светски актери имаше повеќе од 3 милиони ретвитови и стана најуспешниот на сите времиња.
Фотографија: Twitter/TheEllenShow
#Египет
Ексцентричната забава на Твитер добро функционира, но бројни твитови се бават и со многу сериозни теми. За време на Арапската пролет, #Египет беше користен на Твитер од страна на локалните активисти и новинарите за да информираат за падот на режимот во земјата.
На 7 јануари, 2015, двајца исламистички милитанти влегоа во канцелариите на францускиот сатиричен магазин „Шарли Ебдо“ и убија 11 луѓе. Преку хаштагот #jesuischarlie на Твитер беше изразувано сочуство за жртвите од масакрот. Неколку недели по нападите, хаштагот веќе имаше преку 5 милиони споменувања на Твитер.
Фотографија: DW/E. Servettaz
Живо од теренот
По победата на Мундијалот 2014 во Бразил, германските ѕвезди Лукас Подолски и Бастијан Швајнштајгер го постираа ова победничко селфи од самиот терен. Не само што им се оствари сонот на теренот, туку нивниот твит беше ретвитуван уште 80 илјади пати.
Првиот син на принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт се роди на 22 јули 2013. Напуштајќи ја праксата веста најпрво да биде соопштена пред Бакингемската палата, раѓањето на Џорџ беше објавено на Твитер. „Нејзиното кралско височество Војвотката од Кембриџ роди син во 4:24 часот“. Сличен твит беше објавен и за раѓањето на Шарлот во 2015 година.
Фотографија: Reuters/S. Plunkett
Уште четири години за Барак Обама
Американскиот претседател ја постираше фотографијата во која ја држи во прегратка сопругата Мишел по реизборот за втор мандат на функцијата во ноември 2012. Пораката беше ретвитувана 800,000 пати, и е еден од најуспешните твитови воопшто.
Фотографија: Twitter/BarackObama
Победнички совет
Некои од најуспешните твитови се многу едноставни, во рамките на ограничувањето од 140 карактери. Во 2011, оваа куса мотивациска порака замина во етерот: „Никогаш не се плаши да сонуваш“. Секако, за нејзината популарност придонесе и авторката на твитот: Стефани Џерманота, ака Лејди Гага.
Социјалната мрежа во одговорот ја нагласи својата политика на нулта толеранција кон сексуалното искористување на деца, пропагандата за самоубиства и за продажбата на дрога.
„Твитер не реагира на соодветен начин на нашите барања, а ако продолжи вака, ќе биде блокиран за еден месец, вонсудски“, изјави Суботин за агенцијата Интерфакс.
Руските власти ги критикуваа социјалните медиуми дека се користени за организирање на демонстрациите во кои учествуваа десетици илјади луѓе ширум земјата, барајќи ослободување на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални. Овој бран на демонстрации беше најголем во изминатите неколку години и беше голем предизвик за руските власти.