1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Москва не ја пушта Украина од своите стеги

Бернд Јохан/ превод:СН24 август 2016

Пред точно 25 години Украина прогласи независност. Советскиот сојуз веќе не можеше да биде спасен. Денес Киев меѓутоа и натаму се бори Москва конечно да го пушти од своите стеги. Коментар на Бернд Јохан.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Неколку дена во 1991 година Москва му го запре здивот на светот. Тенкови се тркалаа во рускиот главен град. Пучистите сака да го соборат од власт реформски ориентираниот советски претседател Михаел Горбачов и да ја преземат власта во земјата. Не успеаја, а со нив и Советскиот сојуз, насилно создаденото кралство на народи од Лвов на запад до Владивосток на Далечниот исток.

Советскиот сојуз по пропаднатиот пуч веќе не можеше да се спаси. Империјалистилистичкото размислување и соодветните хегемонијалистички инструменти наизглед исчезнаа од куферот на политиката во Москва. Меѓутоа тоа бргу се промени. Земјите-наследнички на Советскиот сојуз за тоа можат да отпеат песна. Посебно Украина во моментов . Крим на југот е анектиран од страна на Русија, Донбас пак, со руска поддршка окупиран од страна на сепаратистите. 25 години по прогласувањето независност Украина повторно се бори со Москва.

Империјалистички наследства

Таму деновиве со мешани чувства се потсетуваше на пучот. Само мал број луѓе дојдоа на собирите, на кои се погледнуваше назад кон тие драматични денови. Крајот на Советскиот сојуз за многу Руси сѐ уште претставува трагичен настан, зашто нивната земја веќе не е империја, која можеше да си дозволи да стави под контрола други нации во име на една идеологија.

Но, сеќавањето на пучот за раководството во Москва е непријатно пред сѐ поради една друга причина. Во летото 1991 година илјадници Руси храбро и на демократски начин ѝ се спротивставија на кликата на офицери на тајните служби и на армијата, која денес и натаму го држи главниот збор во Русија. А овие луѓе од ништо друго не се плашат повеќе отколку од демократски народни движења, какви што познава Украина.

Бернд Јохан

Одделување од Москва

Пропаднатиот преврат од 1991 година им донесе слобода на советските републики. Непосредно потоа, на 24 август 1991, парламентот во Киев прогласи независност на Украина. Белорусија и останатите држави следуваа кратко потоа. Балтичките држави, во прв ред Литванија, но и Грузија, во овој момент веќе беа независни.

Формално, одделувањето на Киев од Москва се одвиваше брзо. Но долго време Украина се колебаше дали да се ориентира кон Русија или кон Западот. Најнапред долгогодишното политичко и економско мешање на Русија, но пред сѐ воената интервенција на Кремљ во 2014 година, конечно ја одведоа Украина во спротивна насока од Москва.

Додека во Белорусија под раководство на претседателот Александер Лукашенко до денес владее политички застој, во Украина во изминатите години се разви силно граѓанско општество. Тоа го притиска претседателот Петро Порошенко и неговата влада на реформи и приближување кон Европа. Оттогаш е постигнат голем напредок. Меѓутоа корупцијата и натаму е присутна во Украина. И олигарсите повторно се снајдоа. Правосудните реформи многу бавно се проведуваат. А проблем исто така е и изборниот систем.

Решение на конфликтот не е на повидок

Меѓутоа, најголемиот проблем е конфликтот со Русија, зашто долгорочно секогаш одново може да ја дестабилизира земјата и со тоа егзистенцијално да ја загрози. Политички решенија во моментов не се на повидок ни за Крим ниту за Донбас. Ниту Москва ниту Киев не презедоа сѐ што е во нивните можности за да го спроведат мировниот договор од Минск. Русија притоа се наоѓа во поповолна позиција. На Украина затоа ѝ е потребна меѓународна поддршка.

Никој не треба да верува дека Русија во догледно време има намера да ги повлече своите трупи од Украина. Москва не сака да го пушти Киев. За такво нешто меѓутоа идејата на империјализмот сѐ уште е вкопана премногу длабоко во главите на политичарите во Кремљ.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми