1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Москва остро реагира на протерувањето руски дипломат

БГ
26 март 2018

Македонија одлучи да им се приклучи на земјите-членки на ЕУ кои протераа руски дипломати во знак на солидарност со Велика Британија. Руската амбасада возврати со остра реакција и предупредување

Mazedonien Gebäude Regierung
Фотографија: DW/P. Stojanovsk

Македонија и Русија влегоа во нов дипломатски клинч откако македонското МНР попладнево одлучи да протера еден руски дипломат од амбасадата во Скопје. Одлуката е израз на солидарност со Велија Британија заради случајот Скрипал, велат во Скопје. 


Руската амбасада веднаш се огласи на Твитер оценувајќи ја ваквата одлука за “непријателска и неоправдана”.
„Исклучително непријателски, неоправдан чекор што нема преседан во руско-македонските односи. Одговорноста за последиците од овој потег во целост ќе ги сноси македонската страна“, се закани руската амбасада. 


Од македонското МНР објаснуваат дека одлуката била донесена “во тесна консултација со нашите сојузници и партнери од ЕУ и НАТО”.
Повеќе земји на ЕУ деновиве се солидаризираа со Велика Британија протерувајќи руски дипломати. Москва досега одговараше со реципроцитет на овие мерки.
Британскиот амбасадор во Скопје Чарлс Гарет ја поздрави одлуката на македонските власти како “моќен израз на солидарност”. 


Односите меѓу Скопје и Москва не се на високо ниво од доаѓањето на власт на премиерот Зоран Заев. Русија се противи на влезот на Македонија во НАТО, а шефот на дипломатијата Сергеј Лавров тоа го потенцираше во неколку наврати. Минатата недела такво предупредување беше испратено и од средбата на македонскиот амбасадор во Москва, Гоце Карајанов со рускиот заменик-министер за надворешни работи Александер Грушко. Русија е членка на Советот за безбедност на ОН и беше меѓу првите кои ја признаа независноста на државата под уставното име во август 1992 година. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми