1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Москва протера 40 германски дипломати

СН/агенции
25 април 2022

Властите во Москва реагираа на неодамнешното протерување на руски дипломати од Германија со реципрочна мерка. Русија дополнително си наштетува себе си, критикуваше шефицата на германската дипломатија, Аналена Бербок.

Седиштето на руското министерство за надворешни работи во Москва
Седиштето на руското министерство за надворешни работи во МоскваФотографија: Konstantin Kokoshkin/Russian Look/picture alliance

Руската влада прогласи 40 германски дипломати за „непожелни лица“ во Русија и нареди нивно протерување. Германскиот амбасадор во Москва денеска бил повикан во руското Министерство за надворешни работи за да биде информиран за ваквиот чекор . Станува збор за одмаздничка мерка за неодамнешната слична мерка на Германија. Реакцијата беше очекувана од германската страна. На 4 април германската влада прогласи 40 руски дипломати за „непожелни лица“ и побара од нив да ја напуштат земјата во рок од пет дена. Засегнатите дипломати наводно работеле за руските тајни служби.

Министерката за надворешни работи Аналена Бербок го образложи овој потег со злосторствата извршени од руските војници во украинскиот град Буча. „Погодените од протерувањето  секој ден овде во Германија работат против нашата слобода, против кохезијата на нашето општество“, рече Бербок. Поради овие изјави на министерката, на германскиот амбасадор денеска му е врачено и протестно писмо поради непријателската политика на Берлин, се вели во соопштението на руското МНР.

Буча: Сè повеќе докази за злосторства врз цивилите

01:44

This browser does not support the video element.

Погодена една третина од дипломатскиот персонал

Според информациите на германската прес агенција, протерувањето погодува околу една третина од германскиот дипломатски персонал во Русија. Севкупно, повеќе од 100 Германци веројатно се погодени бидејќи и роднините на дипломатите мора да ја напуштат земјата. Се очекува дека работата на германските претставништва, вклучително и на конзулатите надвор од главниот град Москва, ќе мора значително да се ограничи.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок го критикуваше руското протерување на 40 германски дипломати. „Го очекувавме денешниот чекор, но, тој во никој случај не е оправдан“, изјави Бербок во Берлин. Вработените во министерствотт кои сега се протерани од Русија, според неа, не се виновни за ништо. „Тие отидоа во Русија со отвореност, интерес и голема посветеност за таму да им служат на билатералните односи- и покрај тамошните сè понеповолни околности. Со протерувањата што беа соопштени денеска, Русија дополнително си нанесува штета“, рече Баербок.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми