1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Москва реципрочно му одговори на Берлин

СН/агенции
12 декември 2019

Во спорот околу наводната нарачана ликвидација на еден Грузиец во Берлин, Кремљ протера двајца германски дипломати. Претходно месецов Германија го стори истото со двајца дипломатски претставници на Русија

Russland Moskau Deutsche Botschaft
Фотографија: picture-alliance/dpa/Sputnik/E. Odinokov

Властите во Москва објавија денеска (12.12.) дека ќе протераат двајца германски дипломати, како одговор на одлуката на Германија од почетокот на декември да врати двајца вработени во руската амбасада во нивната земја, по убиството на еден Грузиец со чеченско потекло во германскиот главен град. Руското министерство за надворешни работи го повика денеска германскиот амбасадор во Москва, Геза Андреас фон Гajр за да му соопшти дека „двајца соработници од германската амбасада се прогласени за непожелни лица и имаат 7 дена да ја напуштат Русија“.

Амбасадорот не сакаше да даде никаков коментар за новинарите по излегувањето од руското министерсво, велејќи: „Се' ќе најдете по службени канали“. Беше очекувано оти Русија ќе одговори на ист начин како што го стори тоа Германија минатата недела кога протера двајца руски дипломати поради обвинувањата дека руската држава стои зад убиството на 40-годишниот Грузиец со чеченско потекло на 23 август во централниот берлински парк Тиергартен.

Фотографија: picture-alliance/dpa/C. Soeder

Повеќе:

-Меркел и Путин ќе ја „пеглаат“ дипломатската криза

-Со убиството во Берлин, Русија го тестира Западот

-Германија протера руски дипломати поради убиство во Берлин

Во соопштението руското министерство додава дека Москва ги протерува германските дипломати во знак на „протест против неоснована одлука“ Германија да протера руски дипломати.

Тензии во односите со недели

Министерството наведе оти до протерување дошло откако властите во Русија не одговорија на барањата на Германија да помогнат во расветлување на убиството кое се случи во август годинава. Германското сојузно обвинителство објави дека ја презело истрагата откако е заклучено оти доказите укажуваат на вмешаност на руската влада или Чеченската Република.

Портпаролот на Кремљ ги отфрли како „целосно неосновани“ сомнежите дека Русија има некоја врска со ова убиство. „Тука нема сериозни сомнежи, и не може да има. Каква врска има тоа со руските власти? Тоа се целосно погрешни претпоставки“, изјави за новинарите Димитриј Песков.

Убиениот Грузиец, Зелимкан КангошвилиФотографија: privat

Жртвата, 40-годишниот  Грузиец, Зелимкан Кангошвили, познат уште и под името Торнике К, според тврдењата на Москва се борел на страната на чеченските бунтовници против руската држава. Во него на 23 август беше пукано од зад грб во берлинскиот парк и тој беше усмртен со куршум во главата. Лицето осомничено за убиството се наоѓа во притвор , но молчи во однос на обвинението.

 На пресконференција неделава претседателот Владимир Путин ја опиша жртвата како „бандит“ и „убиец“ вклучен во терористички напади на цивили. Грузиецот се наоѓал на листата на осомничени терористи, која руската служба за внатрешна безбедност ФСБ им ја предала на германските власти пред подолго време.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми