1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Москва: Со хиперсонична ракета е уништен магацин за оружје

ЕМФ | агенции
19 март 2022

Русија тврди дека употребила хиперсонична ракета во војната во Украина. Со ракетата, како што се вели, бил уништен подземен магацин за оружје.

Russland: Hyperschall-Rakete zerstört Raketenarsenal in Ukraine
Хиперсоничните ракети „Кинжал“ се исфрлаат од борбени авиони од типот МиГ-31Фотографија: Pavel Golovkin/AP/picture alliance

Првпат по почетокот на војната во Украина, Русија информира дека употребила хиперсонична ракета „Кинжал“. Портпарол на руското Министерство за одбрана изјави дека со ракетата е уништен украински подземен магацин за оружје во селото Дељатин, на југозападот од Украина. Како што се додава од руска стрсана, ова е првпат да биде употребена таква ракета.

Ракетите „Кинжал“ досега беа употребувани во текот на воени маневри - последен пат само неколку дена пред руската инвазија на Украина. Тие се исфрлаат од борбени авиони од типот МиГ-31. Според руски наводи, ракетите може да погодат цел на оддалеченост до 2000 километри, притоа заобиколувајќи ги сите системи за противвоздушна одбрана. Ракетите, како што се вели, летаат со брзина од над 6000 километри на час.

Русија, меѓу другото, својата инвазија на Украина ја образлага и со целта да ја демилитаризира земјата. Во текот на изминатата ноќ, како што изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана, биле уништени 69 воени објекти, меѓу кои и четири командни бази на Украина. Потврда за ваквите информации од независни извори нема.

Првиот човек на рускиот парламент, Вјачеслав Володин, од САД и НАТО побара да не ја вооружуваат Украина „доколку сакаат мир најбрзо што е можно“.

- повеќе: Има ли Северна Кореја хиперсонична ракета?

Во меѓувреме, украинскиот претседател Володимир Зеленски апелираше до руското раководство: „Преговорите за мир и безбедност за Украина се единствена шанса за Русија да ја ограничи штетата предизвикана од сопствените гршки. Време е за средба, време е да се дискутира, време е повторно да се воспостави територијалниот интегритет и правдата за Украина“, вели Зеленски во видео објавено на Фејсбук. Во спротивно, според него, „загубите за Русија ќе бидат такви што ќе бидат потребни повеќе генерации за опоравување“.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми