1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мост излегува од хрватската влада

СН/ агенции
28 април 2017

Помалиот коалициски партнер во владата на Хрватска, соопшти дека ја напушта владата предводена од ХДЗ, по спорот со премиерот Пленковиќ. На повидок ли се нови избори?

Kroatien Sitz der Regierung in Zagreb
Фотографија: DW/I. Lasic

Тешката владина криза во Хрватска, која избувна вчера по барањето на премиерот Андреј Пленковиќ за оставка на тројца министри од редовите на помалиот коалициски партнер Мост, денеска натамошно кулминираше. Претседателот на хрватскиот Сабор и на партијата Мост, Божо Петров денеска најави дека сите министри од Мост ќе дадат оставка за да покажат оти не им е важна фотелјата туку хрватскиот Устав. „Ние повеќе не сме дел од оваа влада“, рече Петров во хрватскиот Сабор.

Тој оцени и дека премиерот Андреј Пленковиќ, кој во четвртокот разреши тројца министри од Мост, покажа оти не се држи до Уставот, до демократските вредности ниту до парламентарната демократија.

Со овој потег спречуваме уставна криза, рече Петров, повикувајќи го Пленковиќ да докаже како има парламентарно мнозинство. Најави дека во Саборот најпрво ќе се расправа за смената на министерот за финансии Здравко Мариќ, а дури потоа за смена на претседателот на Саборот, доколку дојде до такво барање.

Зградата на хрватскиот парламентФотографија: picture-alliance/dpa

„Ние сакаме да расправаме и да покажеме кој и поради што ја урива оваа Влада и на кој начин се случи аферата Агрокор“, рече Петров.

Штабот на ХДЗ претходно најави оти во саборската процедура ќе достави барање за смена на Петров од местото претседател на Хрватскиот сабор. Претставниците на ХДЗ уверуваат дека сѐ се одвива мазно, но не сакаат да откријат кој ќе ја поддржи таа смена. Новинската агенција Хина наведува оти поседува информации дека смената, покрај пратениците на ХДЗ, ќе ја поддржат пратениците на малцинствата, сите осуммина.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми