1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Мосул: цивилите се борат да преживеат во ослободениот град

СН/ дв
24 јули 2017

По девет месеци брутални борби, ирачките сили пред две недели го ослободија упориштето на Исламска држава. Додека полицијата го расчистува градот од експлозивни направи, цивилите се враќаат во своите домови.

Irak Zerstörung und in Mossul
Фотографија: Reuters/A. Konstantinidis

Страдањето е запишано на секој агол на разурнатиот Мосул. Војна беснееше во градот во последните девет месеци. Пред две седмици Мосул беше ослободен од окупацијата на терористичката организација Исламска држава.  Сега федералната ирачка полиција го расчистува регионот.

„Во изминатата недела сите единици на федералната полиција, врз основа на наредба на раководството на полицијата, започнаа со расчистување на делови од градот во потрага по импровизирани експлозивни направи и по милитанти од Исламска држава кои се кријат под земја или во тунели“, објаснува командантот на федералната ирачка полиција.

Што остана од Мосул?

01:24

This browser does not support the video element.

 Десетици илјади луѓе избегаа од Мосул за време на војната. Оние кои не го сторија тоа, се најдоа на линијата на фронтот.

„Исламска држава ја запали мојата куќа. Тие не престанаа да пукаат во нас, немаа милост кон никого“, раскажува жителот на Мосул, Башар. „Не можев да заминам, зашто тие ќе пукаа со минофрлачи по нас. Се криев во подрумот цел месец, не се осмелував да излезам надвор“.

На Башар, но и на илјадници семејства им е потребна итна помош во храна за да можат да преживеат во намачениот град. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми