1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мотивите за нападот во Берлин и натаму нејасни

БГ
19 декември 2016

Од германската полиција велат дека мотивите за вечерашната трагедија во Берлин остануваат нејасни. Полицијата вели дека состојбата е под контрола. Претседателот Гаук шокиран од трагедијата

Deutschland Neun Tote und viele Verletzte auf Berliner Weihnachtsmarkt
Фотографија: picture-alliance/ZUMAPRESS/O. Messinger

Можно е да се работи за напад, но можно е и да е во прашање несреќа, соопштуваат од германската полиција по хоророт на божикниот пазар во Берлин во кој најмалку 9 лица загинаа, а десетици се повредени. Засега е познато дека камионот кој влетал во посетителите на божикниот пазар бил со полски регистерски таблички. Едно лице за кое се верува дека бил возач е уапсено, додека неговиот сопатник е пронајден мртов во камионот. 

Фотографија: picture-alliance/ZUMAPRESS/O. Messinger


Според полскиот шпедитер кој е сопственик на камионот, од денеска во 16 часот бил загубен контактот со возачот. Шпедитерот, кој е и роднина на возачот, не успеал да воспостави телефонски контакт со него и покрај неколкуте обиди. Тој претпоставува дека камионот можеби бил украден и не верува дека возачот извршил напад. 

Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Zinken

Населбата Шарлотенбург каде се случи инцидентот е целосно блокирана, како и околните улици. Полицијата и натаму апелира до граѓаните да не излегуваат од своите домови, но тврди дека состојбата е целосно под контрола. 

Фотографија: REUTERS/P. Kopczynski

Германскиот претседател Јоахим Гаум изјави дека е шокиран од настанот. „Ова е тешка ноќ за Берлин и за нашата земја, која мене како и многумина други многу не потресе. Сочуствувам со жртвите, со нивните семејства, како и со сите луѓе кои стравуваат за животите на своите блиски и пријатели“. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми