Мохамед Али не е само еден од најдобрите боксери во историјата. Тој беше медиумска и културна икона која е дел од историјата на фотографијата. Денес тој ќе наполнеше 75 години. По тој повод се потсетуваме на него.
Реклама
Вообичаено, да се нарече кој било спортист „уметничко дело“ е смешно и претенциозно. Но нема таква хипербола кога се работи за Мохамед Али, трикратниот светски боксерски шампион кој ги надмина границите на спортот и стана фигура со огромно културно и политичко значење.
На денешен ден, 17 јануари, Али ќе наполнеше 75 години. Тој почина на 3 јуни 2016 година во Скотсдејл, Аризона. Специјалната изложба која по тој повод се одржа во Берлин понуди фотографии од Али кои го опфаќаат периодот од 1960 до 1980 година.
Зошто Мохамед Али беше единствен?
Мохамед Али не е само еден од најдобрите боксери во историјата. Тој беше медиумска и културна икона која е дел од историјата на фотографијата. Денес тој ќе наполнеше 75 години, По тој повод се потсетуваме на него.
Фотографија: Thomas Hoepker
Поголем од животот
Од 15 август до 10 октомври 2015 година, галеријата „Camera Work“ во Берлин претстави дел од најатрактивните фотографии од човекот кој заслужено ја носи титулата суперхерој. Оваа фотографија од Мохамед Али е снимена во Чикаго во 1966 година од Германецот Томас Хепкер, еден од омилените фотографи на Али.
Фотографија: Thomas Hoepker
Страдањето на Мохамед
Фотографијата на Карл Фишер од 1967 година се најде на насловната страница на магазинот „Есквајер“, а беше инспирирана од страдањето на Св. Себастијан- мотив од италијанското ренесансно сликарство. Во 1967 година, Али одби да биде регрутиран во армијата со зборовите „Ниту еден Виетнамец никогаш не ме нарекол црнчиште“. Поради оваа изјава Али беше остро критикуван од дел од медиумите во САД.
Фотографија: Carl Fischer
Поп икона
Во 1964 година, Хери Бенсон го фотографираше Касиус Клеј, името под кое тогаш беше познат Али, за време на средба со групата Битлси во Мајами. Уште на почетокот на неговата кариера беше јасно дека неговата популарност ќе ги надмине боксерските рингови и спортот воопшто. Али стана првата боксерска поп икона. На фотографијата, Али ги нокаутира сите членови на Битлси со само еден удар.
Фотографија: Harry Benson
Во рингот
Ова е веројатно најпознатата фотографија од Али во рингот. На неа е прикажан моментот по нокаутирањето на Сони Листон во втората рунда од мечот кој се одржа во Луистон, Мејн во 1965 година. Нил Лајфер беше фотографот кој се најде на вистинското место во вистинското време и успеа да ја „улови“ застрашувачката и насилна страна на Али.
Фотографија: Neil Leifer
Моќта на молитвата
Касиус Клеј го промени своето име во Мохамед Али откако го прифати исламот во 1965 година. Кон крајот на 1960-те години тој беше поврзуван со активистот за граѓански права Малколм Екс и отворено зборуваше за својата религија во јавноста. Фотографијата на која е прикажан Али како се моли во рингот во Лондон во 1966 година ја направи Томас Хепкер.
Фотографија: Thomas Hoepker
Шоуто мора да продолжи
Али не испушташе можност да приреди шоу за јавноста, дури и неговите тренинзи беа јавни настани кои привлекуваа бројни обожаватели. Оваа фотографија на Питер Ејнџел Сајмон го прикажува боксерот за време на тренинг во 1974 година. Истата година Али го доби мечот против Џорџ Формен. Мечот кој беше наречен „Rumble in the Jungle“ стана најпозната борба во историјата на боксот.
Фотографија: Peter Angelo Simon
Совршен како слика
По „најголемиот“, омилен епитет на Али за опишување на себеси беше „убав“. Тој постојано укажуваше на тоа дека на неговото лице нема лузни од борбите, што не беше случај со останатите, помалку талентирани боксери. Многу од ова фалбаџиство беше одглумено, но на Али очигледно му беше важен изгледот. Томас Хепкер го фотографираше во фризерски салон во Чикаго.
Фотографија: Thomas Hoepker
Крв, пот и солзи
На почетокот од кариерата Али оставаше впечаток дека боксот е нешто што тој го прави со леснотија. Меѓутоа, зад сето тоа стоеја долги часови тренинг и работа. Оваа фотографија на Хепкер направена во Чикаго во 1966 година ја прикажува историјата на спортот, но и часовите поминати во осамеништво во салата за тренинг - на што се должи и неговото искачување на врвот на боксот.
Фотографија: Thomas Hoepker
Мајстор за медиуми
Изложбата „Мухамед Али“ покажува дека боксерот ја имал контролата за време на фотосесиите и дека добро знаел како фотографијата може да ја зголеми неговата слава. Фотографите често говореа дека е лесно да се работи со Али, бидејќи го „разбира“ фотоапаратот. Ова фотографија на Хепкер го претставува Али, не само како боксер, туку и неговиот афинитет кон фотоапаратите и камерите.