Долготрајниот спор околу статусот на Каталонија во последниве недели се заостри. Станислав Штразбургер е уверен дека за културата и идентитетот мора да се преговара на регионална основа. Национална независност е илузија.
Реклама
Сончево неделно попладне, првиот ден од октомври. Иако во Каталонија се одржува турбулентниот референдум, јас седам во арената за корида во Гранада. Станува збор за посебна прослава, завршувањето на учењето! Голем број шарено облечени ученици и конечно можат да покажат што научиле - убивање на повредени и збунети бикови.
Гоја, Хемингвеј, Пикасо - сите тие биле фасцинирани од коридата. Борбата со бик е метафора за уметност, дури и за самот живот. Но, современите жители на Каталонија тоа го гледаат поинаку. Собранието на шпанската автономна заедница на Каталонија во 2010 година ја забрани коридата.
Шест години подоцна, шпанскиот уставен суд ја прогласи оваа забрана за незаконска. Судиите му дадоа за право на толкувањето на централната влада во Мадрид, кој ја опишува коридата како национално културно наследство (patrimonio cultural). Изненадувачка пресуда: според статистиките од новиот портал Елдиарио, само десетици граѓани на Шпанија некогаш биле на корида.
Патернализмот на централната власт
Додека ја напуштав арената, почуствував мешавина на бес и збунетост. И морав да се запрашам: Што друго им преостанува на жителите на Каталонија отколку да го отфрлат Патримонио, вклучувајќи ја и шпанската националност, и да ја заменат со каталонска? Борбата околу коридата е впечатлив пример како националната политика може иницијативите на важните луѓе од одреден регион да ги трансформира во фрустрирачко искуство на патернализам. Каталонија во последните години беше соочена со низа такви колективни искуства.
Телевизискиот говор на Маријано Рахој на денот на референдумот во Каталонија му одговара на тој образец. „Ви зборувам како премиер на шпанската влада“, рече тој. „Шпанија е голема нација, една од најстарите во Европа и една од најразвиените во светот (...), тоа е наша нација.“ И како тоа да не беше доволно, премиерот буквално им плукна в лице на многу луѓе кои тој ден стоеја во редови да гласаат, велејќи: „Референдум воопшто немаше“.
Штетни стереотипи секаде
Но, ни другата страна не е невина. Неколку дена подоцна, разговарав со учител од Гранада. „Никогаш не сум бил националист“, ме уверуваше, „но не дозволувам како Андалузиец да ме нарекуваат мрзелив кој наводно цел ден се сонча и пие на сметка на Каталонија“.
Секогаш истата слика која ја користат националистите ширум континентот: „Ние“ сме силна, способна нација. „Ние“ сакаме да се изолираме од сиромашните, од бегалците, накусо - од сите „останати“, односно од сите оние кои сакаат да го земат нашето „богатство“.
Андалузија за каталонските борци за независност е виновна за сѐ. Познато е дека економски силниот регион долева средства во „структурно слабиот“ земјоделски југ на Шпанија. „Не ја одбравме структурата на нашето земјоделство“, продолжува мојот соговорник. Тој ми зборува за долгата традиција на борбата меѓу локалните селани со земјопоседниците или со корупцијата. „Не ни требаат пари од Каталонија, а ни од ЕУ, потребна ни е аграрна реформа.“
Фиктивна независност
Колку лажна може да биде сликата на независен, економски силен регион, покажува заминувањето на компаниите од Каталонија по 1 октомври. Над 13000 компании, меѓу нив и големи банки, производни и услужни фирми најавија заминување. А ќе има уште повеќе. „Концептот за независност донесе многу страдање во светот. Никој не е независен. Ни човек ни народ. Сите сме ние солидарни суштества“, напиша авторот Макс Ауб кој пишува на шпански јазик. Банално е, но можеби е вредно да се повтори: Секој од нас живее во зависност, како поединец, како дел од група, во секоја политичка структура - без разлика на границите.
И така секоја политичка независност е релативна. Политичарите тоа добро го знаат. Ако тврдат поинаку, тие се едноставно цинични.
За наднационална Европа
Што всушност ги спречува политичарите од двете страни да започнат преговори за условите на споменатата солидарност? Каталонија нема да се пресели на Марс, останува таму каде што е: помеѓу Шпанија и Франција.
Ја сум убеден Европеец. Каталонија и коридата за мене се симболи на тоа дека културата и идентитетот мора регионално да се дефинираат. Националната независност е лага. Наднационална Европа, каква што би била една Европска Република, конечно би била во можност на граѓаните на нашиот континент да им понуди соодветни облици на самоопределување. Прадоксално, за оваа наднационална структура се повеќе луѓе отколку што некој би помислил. Минатиот викенд разговарав со постар гостилничар во Гранада. Го прашав што мисли за Каталонија. „Некое време ќе се борат, но сѐ ќе остане по старо“, рече, а кога дозна дека живеам во Берлин, додаде: „На крајот за сето и онака одлучува Ангела Меркел. Разликата меѓу мене и тебе е тоа што ти можеш да ја избираш, а јас не.“
Станислав Штрасбургер е роден во Варшава. Тој е писател и културен менаџер, тежишта во неговата работа се темите колективна меморија, миграција и мултикултурност. Живее во Берлин, Варшава и Бејрут.
Историјата на каталонското движење за независност
Стремежот на Каталонците за независност има долга историја. А во текот на таа историја имало подеми и падови, засилување на автономното право и угнетување. Ова се некои од најзначајните случувања.
Фотографија: Reuters/A.Gea
Богато античко наследство
Каталонија рано ја населиле Фениќаните, а потоа Етрурците, па Грците. Грците ги населиле пред сѐ Росас и Ампуриас (на сликата). Римјаните продолжиле со изградба на населби и инфрастукура. Каталонија остана дел од Римското царство сѐ додека не ја освоија Визиготите во 507 година по Христос.
Фотографија: Caos30
Грофовства и самостојност
Во 711 година Каталонија ја освоија Арапите. Карло Велики го запре нивниот продор во 732 година кај Тур на Лоара, а веќе во 759 година северот на Каталонија стана повторно христијански. Во 1137 година каталонските грофовства влегоа во сојуз со кралството Арагон. Во 13. и почетокот на 14. век Арагонското кралство владее со западното Средоземје и ги освои Мајорка (на сликата) и Валенсија.
Фотографија: picture-alliance/Prisma Archiv
Автономија до војната за престоли
Во 13. век се создаваат институции на каталонска самоуправа, наречени „Generalidad de Catalunya". По обединувањето на земјите под круната на Арагон со кралството Кастиља во 1476 година, Арагон можеше да ги задржи своите автономни иституции сѐ до завршувањето на шпанската војна за престоли (1714 година) - со пауза за време на селската буна (на сликата) од 1640 до 1659 година.
Фотографија: picture-alliance/Prisma Archivo
Годишнина на еден пораз
Откако Барселона на 11 септември 1714 година ја освои бурбонскиот крал Филип V каталонските институции се распуштени и ѝ е ставен крај на самоуправата. Секој 11 септември Каталонците се потсетуваат на укинувањето на нивните автономни права (на сликата се демострациите од 2015 година во Барселона).
Фотографија: Getty Images/AFP/L. Gene
Федерални идеи и прва шпанска република
Откако абдицираше Амадео I на 10 фебруари 1873 година е прогласена првата Шпанска Република, која траела помалку од една година. Симпатизерите на републиката се неединствени. Едните сакаа централистичка република, другите федерален систем. Симпатизер на федерализмот бил и Франциско Пи и Марагал (на сликата), еден од петте претседатели на краткотрајната република.
Фотографија: picture-alliance/Prisma Archivo
Неуспешен обид во 19 век
Обидот Каталонија во Шпанската република да создаде сопствена држава дополнително го заостри конфликтот меѓу републиканците. Во 1874 година повторно е воспоставена монархија на чело со Алфонсо XII (на сликата) од династијата Бурбон.
Во периодот меѓу 1923 и 1930 година, генералот Примо де Ривера воспоставува во Шпанија диктатура, со помош на кралот Алфонсо XII, војската и свештенството. Каталонија станува центар на опозицијата и отпорот. Политичарот Франческ Масиа (на сликата) успева да избори за Каталонија важни автономни права по крајот на диктатурата.
Самоуправа во втората Шпанска Република
За време на втората Шпанска Република, каталонските пратеници го изработија Статусот на автономија од Нурија, кој во 1932 година го прифати и шпанскиот парламент. Франческ Масиа по изборите за каталонскиот парламент беше избран и за претседател на самоуправата на Каталонија. Победата на генералот Франко во шпанската граѓанска војна (1936-1939),меѓутоа значеше крај на втората Шпанска Република.
Фотографија: picture-alliance/AP Photo
Крај на сите слободи под Франко
Режимот на Франко (1939-1975) за Каталонија значеше и укинување на демократските слободи: забрана на сите политички партии и прогон на нивните активисти, укинување на автономниот статус и потиснување на каталонскиот јазик и култура.
Фотографија: picture alliance/AP Photo
Повторно воспоставување на автономијата со нов статут
По првите слободни избори по падот на Франковата диктатура „Generalidad de Catalunya“, во 1977 година е привремено повторно воспоставена. Врз основа на шпанскиот демократски устав од 1978 година, Каталонија наредната година доби нов статус на автономија.
Жорди Пујол, долгогодишен претседател на владата на Каталонија
Првиот статус за автономија по времето на Франко ги признава самостојноста на Каталонија и каталонскиот како самостоен јазик. Во споредба со статусот од 1932, проширени се овластувањата на Каталонија во областа на образованието и културата, но се ограничени во областа на правосудството, финансиската управа и јавниот поредок. Жорди Пујол беше претседател на каталонската влада од 1980 до 2013 год.
Фотографија: Jose Gayarre
Јакнење на самосвеста
Стремежот на Каталонците за независност повторно се засили во последниве години. Во 2006 Каталонија доби нов статус на автономија со проширени овластувања. Но, по тужбата на конзервативаната партија ПП, шпанскиот Уставен суд ги укина проширените овластувања.
Фотографија: Reuters/A.Gea
Прв обид за референдум
Референдум за незвависност на Каталонија беше предвиден за 9 ноември 2014 година. Неговото прво прашање гласеше: „Сакате ли Каталонија да биде држава?“ Кој ќе се изјаснеше „За“ требаше потоа да одговори на прашањето „Сакате ли таа држава да биде независна?“. Но, Уставниот суд го стави гласањето надвор од сила.
Фотографија: Reuters/G. Nacarino
Двобој на двајца премиери
Од јануари 2016 година Карлес Пуџдемон е претседател на каталонската влада. Тој го продолжува националистичкиот курс на својот претходник Артур Мас и и покрај сите напори и полициско насилство на 1 октомври 2017 година го спроведе референдумот за независност, кој шпанскиот премиер Маријано Рахој го отфрла како противуставен.