1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мојот прв ден во „Алманија“

2 ноември 2011

Баха Гингер во Германија дошол како дете, пред 50 години. Во Истанбул се зборувало се‘ најдобро за Германија и за Германците. Но, што нашло момчето овде, како поминале првите чекори во новиот живот?

Baha Güngör DW Türkische Redaktion
Баха Гингер

„Одиш во Германија, Германците се добри, вредни и дисциплинирани, тие ни се пријатели. Сите за Германија ми зборуваа само позитивно, па одвај чекав да отпатувам во ’Алманија’, каде веќе три години живееја моите родители“, раскажува Баха Гингер.

На 28 октомври 1961 година тој и неговата баба конечно тргнале за „Алманија“, по повеќедневното претходно збогување со соседите, срдечни прегратки, бакнување едно чудо раце на возрасните. Притоа, 11 годишното момче од Истанбул не било свесно дека нема да има враќање.

На железничката станица во Сиркечи, на европскиот дел од Босфорот, сцени на разделба на обичните луѓе од роднините кои заминувале за „Алманија“. Некои дошле со чаши, дури и полни помали кофи вода, за да ја истурат по возот, според турскиот обичај, за патувањето да оди лесно како водата.

Архивска снимка, семејството на ГингерФотографија: DW

Возот не бил полн. Баха дури по години дознал дека во времето на неговот тргнување бил подготвен, а три дена подоцна потпишан договорот за доаѓање турски работници во Германија. 

Кога од прозорецот на возот веќе не се гледал Истанбул, Баха добил желба да се врати, но бабата го соочила со реалноста-ќе слезат дури во Германија. Повод за солзите, кои не престанале за време на тридневното патување на момчето.

По првото преседнување во Минхен во правец на Келн и потоа повторно во регионален воз кон Ахен, Баха се препуштил на судбината.

„Сопатниците во возот не‘ гледаа како да сме од друга планета“, се сеќава тој.

Возење платено со локум

Пред железничката станица во Ахен стоеле паркирани такси-автомобили.

Бабата на еден му го покажала ливчето со адресата на родителите на Баха. Возачот покажал дека треба да се плати, а Баха и бабата веќе немале пари, се‘ што имале, потрошиле по пат. Возачот го завртел грбот, но бабата била упорна, од една од торбите извадила кутија локум. Овој „поткуп“ помогнал, делницата до станот каде живеел родителите траела само два километри.

Успешно учење германски јазик

Поради незнаењето германски јазик, Баха во училиштето бил вратен во четврто одделение, во евангелистичкото училиште.

Директорот при претставувањето го пречекал со зборови на добредојде-на турски!

Онака како и што му било кажувано, Германците биле добри со Баха. Родителите на соучениците го канеле да игра со децата. Првите часови по германски ги добил од Мариа, продавачка на чевли, мажена за Турчин.

Гингер со учесниците на курсот по германски јазик во Народниот универзитет во Ахен, 1974 годинаФотографија: DW

Но, решавачкиот пробив во учењето германски Баха го направил со посетите на кино. Многу брзо напамет ги знаел песните од филмовите. Во кино ги гледал „гладно“ и журналите со вести.

Неколку години подоцна толку го владеел јазикот, што им преведувал на гастарбајтерите и ги подучувал на едноставни реченици на германски за на суд или во полицијата. Во 70-те години станал дури и „доцент“ во предметот „германски како странски јазик“ на Народниот универзитет во Ахен.

„Од моето доаѓање до денес, јас постојано сум на релација Германија-Турција. Мојата татковина се‘ уште е Истанбул, но мојот дом е Рајнската област“, вели Баха Гингер.

Автор: Баха Гингер/ Ж. Ацеска

Редактор: Борис Георгиевски

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми