1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

МПЦ во расчекор со желбите и потребите на верниците

Милчо Јованоски 5 октомври 2012

Македонската православна црква треба одново да се доближи до народот и да се оддалечи од политиката,сметаат експертите. МПЦ е пред нови предизвици одбележувајќи ја 45-годишнината од афтокефалноста.Можни ли се промени?!

Фотографија: DW

Четири и пол децении МПЦ ОА ја шири вистината за сопственото вековно постоење. За најголеми придобивки свештенството ги смета отворањето на средното богословско училиште и подоцна Теолошкиот факултет. Преку нив создаваше сопствениот кадар. Чувари на црквата и се што е македонско . Така ги нарекуваат монасите кои ја подмладуваат црквата од внатре. МПЦ во овој период реконструира и изгради стотици црковни храмови ширум Македонија и надвор од неа,а зад себе има и богата издавачка дејност со која го потврдуваме сопственото постоење пред другите,вели митрополитот Дебраско – кичевски Тимотеј и потпарол на Синодот.

Проектот веронаука во училиштата – неуспех на црквата

Не воведувањето на веронауката во образованието, за него е неуспех: „Несериозно воведена и таа воопшто не функционира онака како што би требало и како што нашиот народ објективно тоа го заслужува и како што нашите млади поколенија имаат потреба да се образуваат“  Болно прашање за МПЦ е денационализацијата која се одвивала бавно,а враќањето и обештетувањето одело со опструкции и под реланата цена на имотите. Овој проблем и зачестените кражби во црквите ширум Македонија ќе биле дел и од Црковно – народниот собор на МПЦ овој викенд во Калишта. Се очекува Г.Г. Стефан Поглаварот на МПЦ ОА за ова да побара помош и содејство од државата.

Владиката Тимотеј, портпарол на МПЦ ОАФотографија: DW

Спорот МПЦ и СПЦ во мирување

Признавањето од екумената и спорот меѓу МПЦ и СПЦ според митрополитот Тимотеј е на чекање:  „Додека не се разреши спорт со името односно прашањето со нашиот јужен сосед Република Грција  не можеме да очекуваме некои поконкретни и позитивни решенија за афтокефалноста на МПЦ  МПЦ ја тресат децениските поделби на црквите и верниците во Австралија и од поново време состојбите во Северно – американската епархија,

Црквата се разминува со народот

Во македонското општество и меѓу верниците лебди прашањето: Дали црквата е навистина со народот? „На МПЦ ќе и треба едно големо доближување до народот. И самите владици , како што беше случајот со митрополитот Пимен признаваат дека некаде се разминуваат со народот. Доколку се искрени достоинствениците на МПЦ лесно ќе можат да видат каде грешат. Мислам дека тие добро ја знаат сликата која што постои во народот за нив и е врамена во синонимите за скапи коли, релативно лагоден живот и солидно наплатени цени. Ако успеат да ги симнат овие хипотеки, достоинствениците ќе направат голем чекор кон своите верници, “вели новинарот на Дневник Бранко  Ѓорѓески, добар познавач на сосотојбите во МПЦ.

Фотографија: DW

Политиката надвор од црковните одаи

На одделни свештени лица им се припишува блискост со политиката. Социологот – професор доктор Илија Ацески вели: „Дистанцирање или немешање во она што е државно, немешање во она што е политчко. Кога се обраќа на народот би требало да ги има тие потреби на луѓето. Знаете македонското општество е многу поделено. Има сиромаштија и луѓето имаа потреба од благ пристап за да ги решат проблемите. И тука е мисијата на црквата која може да ја задржи и ќе ја игра таа улога и во иднина. И секое друго сплотување или мешање во некои политики кои не се црковни во ваква констелација во која што е македонското општество води кон големи ломови и судири внатре во групите кои се различни според верската  и религиската припадност.“ Црквата ја сочинуваат живи луѓе одговара митрополитот Тимотеј и додава: „Во Синодот ние никогаш не се расправаме за партии . Но не оспорно е дека во него има луѓе за едни ,други за други. Тоа е легитимно право. Меѓу тоа не смее да се употребиува како говорница за политички партии.“  Господин Тимотеј признава дека немаат долгорочна стратегија , но вели:„Ако не се поправи социјалната положба на нашиот народ треба да ги црквата со други институции заедно да ги впрегнат силите заедно да му помогнат на одредена категорија луѓе кои запаѓаат во една сериозна депресија и криза, Сметам дека не само црквата туку и други институции треба да бидат загрижени за нашиот наталитет. Како народ опаѓаме, старееме и одумираме. Тоа на некој начин е сериозен предизвик и црквата на тој план ќе мора посериозно да поработи со своите верници.“ До крајот на месецов МПЦ ќе доби двајца нови викарни епископи со што Синодот ќе брои 13 члена.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми