1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мрачното минато на еден католички дом во Ирска

Б.Мас, Г.Матес/ С. Недевски20 септември 2014

Ирска ова лето беше потресена од едно мрачно откритие. Коски од бебиња беа пронајдени околу еден католички дом за немажени мајки во градот Корк. Истрагата изнесува на виделина многу ужаси.

Фотографија: DW

Овие жени се вратија во Бесборо, мало предградие на Корк на јужниот брег на Ирска, местото каде некогаш се наоѓал католички дом за немажени мајки. Тука тие биле понижувани како деца, биле изолирани од светот - сето во име на Црквата.

Американката Мери Стид пред 40 години била едно од децата кои калуѓерките ги дале на посвојување. Многу други деца умреле. Погребани се наводно некаде во дворот на црквата.

„Размислувам за тоа дека тоа можело да биде и моја судбина. Да бев родена само неколку години порано, можеби не би се родила во болница туку во Бесборо и би умрела. Би ме закопале тука. Секогаш ме обзема тага кога сум овде. Едноставно го чувствувам присуството на бебињата и мајките и колку и да е ова место убаво, тагата е посилна.“, вели Мери.

Домот на Исусовото срце во Бесборо бил најголемиот од вкупно 10 католички домови за мајки и деца во Ирска. Мери ги минала тука првите 2 години од животот, пред да биде посвоена. Кога по долго барање ја пронашла својата биолошка мајка во Ирска, таа и’ раскажала се’ за страшните услови во домот и и’ покажала документи кои докажуваат дека на неа тестирале лекови кога била седуммесечно бебе.

„Мајка ми ми кажа дека не ја прашале за дозвола. Не знаела ништо за тоа. Сметала дека ме вакцинирале и дека тоа било неопходно за да можам да одам во САД, но не знаела кога и како го сториле тоа. На мајките ништо не им кажувале ниту ги прашувале за мислење за што и да е во врска со нас.“, раскажува Мери Стид.

#big#

Тука се закопани можеби стотици мали деца. Истрагата ја започна оваа историчарка-аматерка. Кетрин Корлес на местото на ужасот доаѓа со сведок.

Тој раскажува дека во овој поранешен дом за мајки и деца, во раните 70-ти години Френи Хопкинс пронашла коски од деца.

Општината прво претпоставувала дека децата умреле од глад. Но, откако ги прегледала старите документи, Кетрин Корлес дошла до друг заклучок. Имено калуѓерките од домот се погрижиле да исчезнат околу 800 детски трупови.

„Тука се закопани деца од домот кои умреле помеѓу 1925. и 1961. година. Нема ознаки, споменици, ниту некој кој би се сеќавал“, истакнува Кетрин Корлес

Една државна комисија сега започна истрага за инцидентите во Тум. Црквата, ако ништо друго, барем писмено вети поддршка. Меѓутоа, многу од засегнатите не и’ веруваат. Иницијативата што ја основаа во Бесборо го ангажира археологот Тони Мекгвајер. Таа откри вдлабнатини во земјата, што укажуваат на скриени гробови.

„Се забележува многу поголема стапка на смртност од националниот просек за кој било период. Причините можат да бидат различни, можеби избила инфекција, можеби е во прашање недоволна грижа, различни се одговорите на прашањето што точно се случило. Но, она што ние треба да го направиме, е да утврдиме што точно се случило.“, Тони Мекгвајер.

Тери Харисон имала 18 години кога калуѓерките и го земале синот. Го барала 41 година. Безуспешно. Тери сега бара виновниците да се изведат пред суд. Ова и’ е последна надеж да дознае дали нејзиниот син е жив.

„Не сакам да умрам, а да не го видам, да не го погледнам во очи и да знам дека е добро. Тоа е се’ што отсекогаш сакав да знам. Дека е жив, сакан и дека е добро. И сакам да знае колку го сакам.“, вели Тери Харисон.

Remember me - Сеќавај се на мене се вика песната која ја компонирала за својот син Нил.

Засега само бројките во старите црковни записи укажуваат на тоа колку детски тела закопале калуѓерките. Имињата на несаканите деца главно се непознати.

Колку напредува истрагата, толку повеќе ужаси излегуваат на виделина. Мајките и преживеаните тогашни деца нема да запрат додека не добијат одговори за судбината на децата од домот во Бесборо.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми