Пат-позиција по парламентарните избори во Израел: партијата Ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху има еднаков број места со Сино-белиот сојуз на Бени Ганц.
Реклама
Израел зад себе има долга ноќ. Изборите донесоа неизвесност која сѐ уште трае. По пребројани 90 проценти од избирачките ливчиња, партијата Ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху има еднаков број места во парламентот (32) како Сино-белиот сојуз на екс-шефот на армијата Бени Ганц. Оттука, изјавите на двајцата, дадени по изборите, се претпазливи.
Ганц зборува за успех, а не за победа: „Трпеливо ќе ги чекаме конечните резултати. Но, сепак, веќе сега може да се насети дека Бенјамин Нетанјаху не ја постигна својата цел. Ние, пак, докажавме дека идејата која се нарекува сино-бела, беше многу успешна. Ние сме овде за да останеме.“
Бени Ганц зборуваше за пукнатини во израелското општество кои тој сака повторно да ги залепи. Нагласи дека би сакал да води разговори за влада на единство: „Ги повикувам ривалите од сите табори: оставете ги настрана несогласувањата и ајде да се активираме заеднички за изградба на добро, израелско, праведно и рамноправно општество.“
Премиерот Бенјамин Нетанјаху пред своите приврзаници се појави дури околу три часот изутрина. Нетанјаху, според тоа како што сега стојат рсаботите, не ги постигна своите цели. Неговата национално конзервативна партија Ликуд не е најсилна и заедно со евентуалните коалициони партнери не може да стигне до мнозинство во парламентот кој брои 120 места. Но, такво мнозинство нема ниту предизвикувачот Бени Ганц.
Нетанјаху сака повторно да состави влада. Тој рече дека американскиот претседател Доналд Трамп наскоро ќе го претстави неговиот мировен план за регионот, а во таква ситуација на Израел му е неопходна стабилна влада: „Вечерва разговарав со сите партнери на Ликуд од десниот табор. Сите, без исклучок, се обврзаа на овие цели. Во наредните денови ќе почнеме преговори за составување ционистичка, силна влада и за избегнување опасна антиционистичка влада.“
Одлучувачка при составувањето на коалицијата би можела да биде улогата на десниот популист Авигдор Либерман. Партијата „Нашата куќа Израел“ на поранешниот министер за одбрана би можела да постигне добар резултат. Либерман постојано вели дека не би сакал да е дел од влада во која учествуваат две ортодоксни еврејски партии. Таквите партии, меѓутоа, на Нетанјаху му се потребни за составување коалиција.
До соопштувањето на официјалните резултати од изборите ќе минат уште неколку дена. Претседателот на Израел, Реувен Ривлин, сега мора да одлучи кому ќе му го додели мандатот за влада. Новата влада ќе биде избрана најрано на крајот на октомври.
70 години Израел
Триумф или катастрофа? Пред 70 години е основана државата Израел. По холокаустот, 14 мај 1948 година беше пресвртна точка од која тие гледаа кон нова, ветувачка иднина.
Фотографија: Imago/Seeliger
Триумф на надежта
На 14 мај 1948 година прeмиерот Давид Бен Гурион пред еврејското собрание прогласи основање на државата Израел. „Надежта никогаш не попушти“, рече Бен Гурион опишувајќи ја историјата на еврејскиот народ. „Никогаш не замолкна неговата молитва за враќање дома и за слобода.“ Сега Евреите се вратија назад во земјата на своето потекло - и располагаа со сопствена држава.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Во новиот свет
Дипломатски триумф: пред зградата на ОН во Њујорк веднаш се развеа знамето на новата држава. За Израелците тоа беше натамошен чекор во насока на безбедност и слобода - конечно имаа меѓународно призната држава.
Фотографија: Getty Images/AFP
Најтемниот час
Колкаво е значењето на основањето на државата Израел станува уште појасно ако се земе предвид холокаустот и убиството на шест милиони Евреи од страна на нацистите во текот на Втората светска војна. Фотографијата прикажува затвореници во логорот Аушвиц по неговото ослободување.
Фотографија: picture-alliance/dpa/akg-images
„Накба“- Катастрофа
Палестинците се сеќаваат на основањето на државата Израел како на „накба“- „катастрофа“. Околу 700.000 луѓе мораа да ги напуштат своите територии за да направат место за граѓаните на новата држава. Така, основањето на Израел значи и почеток на Блискоисточниот конфликт, кој не е решен ниту по 70 години.
Фотографија: picture-alliance/CPA Media
Зацврстена држава
Тензиите со арапските соседи во 1967 година ескалираа во „Шестдневна војна“, во чиј тек Израел ги победи Египет, Јордан и Сирија. Истовремено, Израел, меѓу другото, под своја контрола ги стави Источен Ерусалим и Западниот брег. Тоа значеше почеток на натамошни тензии и војни во регионот.
Фотографија: Keystone/ZUMA/IMAGO
Населби на територија на непријателот
Израелската политика на градење доселенички населби постојано го подгрева конфликтот со Палестина. Палестинските власти го обвинуваат Израел дека со постојаното градење населби онезвозможува палестинска држава. Градењето населби е осудено и од ОН, но Израел до денес си продолжува по свое.
Фотографија: picture-alliance/newscom/D. Hill
Без, омраза, камења
Зимата 1987 година Палестинците протестираа против израелската превласт на окупираните територии. Протестите почнаа во градот Газа и брзо се прочирија на Источен Ерусалим и Западниот брег. Востанието траеше со години и заврши со потпишување на договор во Осло, во 1993 година. .
Фотографија: picture-alliance/AFP/E. Baitel
Конечно мир?
Со посредство на тогашниот американски претседател Бил Клинтон, израелскиот премиер Јицак Рабин и шефот на ПЛО, Јасер Арафат, во 1993 година почнаа мировни преговори. Тие завршија со „Договор од Осло“, со кој двете страни меѓусебно официјално се признаа.
Фотографија: picture-alliance/CPA Media
Празен стол
Убиството на Јицак Рабин на 4 ноември 1995 година го торпедираше мировниот процес и ја покажа растргнатоста на Израел. Умерените и радикалите, секуларните и ултраортодоксните Евреи сѐ повеќе се оддалечуваа едни од други. Рабин беше убиен на еден собир од страна на радикален студент по право. На фотографијата е прикажан тогашниот премиер Шимон Перес покрај празниот стол на својот претходник.
Фотографија: Getty Images/AFP/J. Delay
Обид да се изговори неизговорливото
Геноцидот на Евреите до денес им дава печат на германско-израелските односи. Во февруари 2000 година, тогашниот германски претседател Јоханес Рау одржа говор во Кнесетот - на германски. Јазикот на некогашните злосторници во израелското собрание - невидено голем предизвик за двете страни, пред сѐ за наследниците на жртвите. Но, тоа беше и уште еден чекор на приближување.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Израелскиот ѕид
Израелската политика на градење населби ги заостри фронтовите во конфликтот со Палестинците. Израел во 2002 година почна со изградба на 107 километри долг ѕид на Западниот брег. Тоа делумно го запре насилството, но не ги реши политичките проблеми меѓу двата народа.
Новиот германски министер за надворешни работи Хајко Мас ја продолжува решително традицијата на германско-израелско приближување. Неговото прво патување во странство го одведе во еврејската држава. Во март годинава тој во меморијалниот центар Јад Вашем положи венец во чест на жртвите на холокаустот.